3 најчести митови за холестеролот

3 најчести митови за холестеролот

Автор: Ана Петровиќ

Познато е дека постојат два вида холестерол, лош (ЛДЛ) и добар (ХДЛ). Кога нивото на лошиот холестерол е висок, тој почнува да се лепи за површината на крвните садови, ја забрзува атеросклерозата и ја намалува еластичноста на артериите. Заради сушење на артериите може да настапи инфаркт или мозочен удар. Иако за холестеролот се знаат многу работи, она што многумина не го знаат е вистината за следниве три мита:

3-najchesti-mitovi-za-holesterolot-kafepauza.mk

1. Сите масти кои се внесуваат преку храната ги запушуваат крвните садови

Иако се смета дека холестеролот кој се наоѓа во јајцето ги затнува артериите, истражување од Универзитетот Харвард го демантира ова тврдење. Вистина е дека само заситените масти кои се наоѓаат во процесираната храна (сирење, павлака, маргарин) учествуваат во создавање на лошиот холестерол. Дневно препорачаната доза на ваквите производи е ограничена на 16 грама.

2. Физичката активност може да даде брзи резултати

Иако истражувањата покажуваат дека 40 минути физичка активност дневно го поттикнува производството на добриот холестерол, сепак ваквиот ефект не се постигнува преку ноќ. На мажите им е потребен период од 3 месеци, додека на жените, период од 6 месеци за да го намалат лошиот холестерол.

3. Нивото на холестерол се тестира само еднаш во животот

Оваа заблуда може да ви го наруши здравјето. Нивото на холестерол во текот на животот се менува, посебно кај жените во менопауза, па затоа се препорачува негова проверка на секои две години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар