3 клучни знаци дека е време да дадете отказ (дури и ако немате друга работна понуда)
Без разлика дали допрва ја почнувате својата кариера или веќе имате долгогодишно искуство, понекогаш навистина е потребно едноставно да застанете малку и да се ставите себеси на прво место. Ако не сте задоволни со моменталната работа, а единственото нешто што ве задржува е платата, тогаш време е да направите некои промени. Еве што треба да земете предвид ако сакате да дадете отказ, дури и ако немате друга можност за работа во моментот.
1. Водството на фирмата во којашто работите
Фирмата што ги поттикнува своите вработени да ги развиваат знаењата и да напредуваат е клучно за добросостојбата на работното место и за задоволството на вработените. Ако не сте задоволни со вашите надредени и ако сметате дека не ја ценат вашата работа и не ви оставаат простор за напредување, време е да ја преиспитате својата лична вредност и да размислите за ажурирање на своето резиме.
2. Организацијата на фирмата во којашто работите
Ако вашите вредности и ставови не се усогласуваат со оние што ги застапува фирмата за којашто работите, тоа е голем проблем. Ако постојано наидувате на судири во размислувањата, тогаш вашето незадоволство секојдневно ќе расте. Работете го тоа што го сакате и не дозволувајте поради платата да не можете слободно да размислувате или да се изразувате.
3. Работата престанала да ви биде предизвик
Не сте веќе заинтересирани за својата работа? Досадно ви е и се чувствувате како тоа што го работите да нема никакво значење за вас? Време е да размислите, но не само за менување на работното место, туку и за целосна промена на професијата. Секогаш можете да се обратите кај службите што спроведуваат стручно советување со цел да ве насочат во вистинската работа и да ја најдете работата што ќе ви одговара и ќе ве исполнува.