3 инструкторки што ќе ве мотивираат да вежбате
Ако сте заинтересирани за јога, не користете го како изговор тоа што не знаете да вежбате или немате каде да одите. Денес, интернетот е полн со одлични видеа, особено за познати фитнес и јога инструктори кои сакаат да го споделат секој чекор од своите вежби.
Јога со Касандра
View this post on Instagram
Касандра Рајнхард нуди одлични вежби кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата подвижност и да ја забрзате циркулацијата, истовремено ослободувајќи ги стресот и вознемиреноста. Овде ќе најдете многу вежби за почетници во траење од 30 минути, со детални објаснувања што да правите и како. Исто така, вежбите придонесуваат за градење сила, рамнотежа и флексибилност, a најважно е да останете фокусирани на дишењето.
Тара Стајлс
View this post on Instagram
На профилот на Тара Стајлс ќе најдете вежби кои им помагаат на луѓето да се ослободат од стресот, полесно да се справат со предизвиците и да живеат инспиративно. Тара Стајлс е позната по својот отворен пристап, а најголемата популарност ја стекнала со туторијалите на Јутјуб за вежби за јога.
Шона Вертју
View this post on Instagram
Наставник по јога, личен тренер, поранешен гимнастичар. Таа комбинира јога, кардио и тренинзи за сила и ги објаснува секое видео и секоја вежба. На нејзините канали ќе најдете видеа за вежби за јога и фитнес што можете да ги правите дома, со минимална опрема. Исто така, можете да поставувате прашања, а таа ќе ги посочи сите грешки и ќе ви даде совет.
Погледнете ги овие одлични плејлисти за јога, пилатес и трчање.