3 будистички верувања кои целосно ќе го сменат вашиот свет и ќе ве направат многу посреќни

3 будистички верувања кои целосно ќе го сменат вашиот свет и ќе ве направат многу посреќни

Не мора да вежбате јога, ниту да ја следите ајурведската исхрана за да можете да имате придобивка од будистичките верувања. Погледнете ги наредниве 3 мисли кои имаат моќ да ви го променат животот.

3 Будистички верувања кои целосно ќе го сменат вашиот свет и ќе ве направат многу посреќни

1. „Dukkha“ – Животот е болен и предизвикува страдање

Многу луѓе велат дека Будизмот е песимистички или негативен и токму оваа мисла е една од многуте причини за овие верувања. Таа јасно ни вели дека животот е страдање, но приказната не завршува тука. Оваа мисла не само што ни вели дека животот е тежок и дека треба да се помириме со тоа, туку исто така нè учи и дека ако се држиме долго до одредени очекувања, материјални нешта или ставови, тоа често може да доведе до фрустрации, разочарувања и други видови болка. Токму затоа наместо да се плашите од вашето страдање и да се обидувате бескрајно да барате решение, вие можете едноставно да научите како да си го признаете овој тежок период и да продолжите понатаму.

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

Обидете се да не се држите до идејата дека нешто не е во ред со вас. Гледајте на сите оние лоши нешта во животот како на нешта кои едноставно се дел од самиот живот. Вежбајте прифаќање и заборавете на идејата дека за да бидете среќни мора да го живеете животот лесно и без болка, емоционална или физичка. Обидете се да ја прифатите несовршеноста на светот и да се ослободите од идеалната слика за животот.

2. „Anitya“ – Животот е во постојан тек

Непостојаноста е она што го карактеризира животот и токму таа укажува на фактот дека тој е во постојан тек. Ние никогаш повторно нема да го доживееме она што поминало, ниту пак ќе можеме повторно да го создадеме. Како што поминуваат деновите, така ние се менуваме и нашите мисли се развиваат. Исто како што секојдневно се менува температурата на воздухот. Сè околу нас е различно. Секогаш. Токму затоа кога се чувствувате неудобно, концептот за непостојаноста може да биде многу утешителен. Со други зборови, ако ништо не е трајно, знаеме дека со тек на време ќе помине и нашата болка.

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

Наместо да им се противите на промените, почнете да ги славите. Прифатете дека сè околу вас постојано се менува и одеднаш светот околу вас ќе стане неверојатен. И покрај тоа што самата непостојаност може да ви звучи застрашувачка, таа ви помага да почнете да ги цените сите оние нешта кои ги доживувате во сегашноста: вашите врски, телото, расположението, здравјето, времето, вашите омилени чевли, работата, младоста… Никогаш не заборавајте дека сè во животот поминува, па токму затоа уживајте во овие моменти најмногу што можете.

3. „Anatma“ – Своето јас секогаш се менува

Изгледа дека во денешно време владее мислењето дека луѓето никогаш не се менуваат. Но, според Будизмот, не постои личност која до крајот на својот живот ќе остане непроменета. Баш напротив, започнувајќи од нашите клетки, сеќавања, мисли па сè до нашето искуство, сè она од што се состои нашиот идентитет со текот на времето се менува.

Како може да се искористи ова верување во секојдневието?

Наместо да се фокусирате на задачата да „се пронајдете себеси“, обидете се да се фокусирате на создавањето на онаа личност која вие посакувате да бидете. Можно е да бидете и да се чувствувате поразлично од она што сте биле или чувствувале вчера. Доколку сте сега депресивни, не мора да значи дека ќе бидете вечно депресивни. Сите ние ја поседуваме способноста да им простиме на другите, но и да си простиме на себе и откако ќе го сфатите ова, работите ќе тргнат во подобра насока.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Stefan Reply

    Ve molam promenete go zborot “rekreirame” so izrazot “povtorno da go sozdademe”. Ili “resozdademe”. Nesto rekreirame koga go razonoduvame.

  2. Aтаnas Reply

    Edinstveno nesto koesto vo nasiot zedmen zivot mozime da go promenime e nasata svest za nasite soznanija .

Остави коментар