25 работи што сите свекрви потајно ги мислат, но никогаш не ги кажуваат
Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешко да се прилагодат на промените, но нивните намери се секогаш најдобри. Токму затоа, тие ги премолчуваат следниве работи, иако потајно ги мислат…
1. „Боли кога некој ќе ве замени“
Во првите децении од неговиот живот, таа била жената која најмногу се грижела за вашиот сопруг, а сега одеднаш нејзината улога е споредна. Дајте ѝ време да се прилагоди на промената.
2. „Знам дека тој е сега твој сопруг“
Но, тој сѐ уште е нејзин син. Без разлика што тој пораснал и се оженил, мајчинската грижа и понатаму треба да присутна во неговиот живот.
3. „Немаш самодоверба“
Дури и најмалите, обични коментари што излегуваат од устата на свекрвите, невестите ги доживуваат како критики и навреди, па затоа мораат многу да внимаваат за да не ги повредат.
4. „Добро би било да покажеш малку благодарност“
Иако можеби не ви се допаѓа нејзиниот подарок за роденден, таа сепак го купила и потрошила време за да го одбере. Заблагодарете ѝ се искрено.
5. „Го посакувам најдоброто и за тебе и за мене“
Мајките/свекрвите честопати им велат на нивните синови дека сакаат да бидат среќни и да имаат убав живот, но ретко кога кажуваат гласно дека и тие самите би сакале да бидат среќни. Сакаат да бидат вклучени, да ги прашувате за совет и да разговарате со нив.
6. „Имам големо искуство…“
Вашата свекрва знае дека планирате да купите стан, вие знаете дека таа веќе купила и продала неколку станови во нејзиниот живот, а сепак никој не бара совет од неа. Зошто?
7. „Доаѓам во посета“
Свекрвите доаѓаат за да го видат семејството, а не состојбата на домот. Тие не очекуваат дека станот ќе блеска и покрај тоа што имате мали деца. И тие биле млади мајки и свесни како изгледа домот преполн со деца. Опуштете се кога ќе ви дојде свекрвата на гости. Пуштете ги децата да си играат со неа и уживајте во мирните моменти.
8. „Го имам неговиот телефонски број“
Ако вашата свекрва сака насамо да разговара со нејзиниот син, ќе му се јави на мобилен. Нема да го бара на домашниот телефон.
9. „Многу сум благодарна“
Свекрвите се многу благодарни за малите работи што им ги овозможуваат снаите, како на пример, тоа што не се расправаат кога му дозволуваат на сопругот сам да отиде во посета на мајка му. Сите мајки сакаат да си ги имаат децата само за себе, барем на кратко.
10. „Имам мала тајна…“
Таа се плаши дека ќе го прекинете контактот со неа, ако погреши нешто. Тоа е нејзината најголема тајна.
11. „Јас, како баба, се натпреварувам со мајка“
Некои мајки немаат средства да купуваат скапи подароци или да го носат децата на скапи излети. Сѐ што можат да направат е да ги причуваат децата и да ве сакаат со сето нивно срце.
12. „Среќна сум што ве имам“
Кога свекрвата ќе дојде да преспие кај вас дома, ја дочекувате со подготвена соба, чисти пешкири и сѐ друго што ќе ѝ затреба. Тоа таа многу го цени и многу е благодарна.
13. „Ги чувам работите што ми ги подарувате“
Многу се благодарни за секој магнет што ќе ѝ го донесете од вашите патувања.
14. „Не треба да ме викаш ’мамо’“
Таа не го очекува тоа од вас, но би сакала да бидете доволно блиски за да можете да разговарате за сѐ што ви се случува.
15. „Сакам да ве направам среќни со моите мали гестови“
Ако ви купила нешто што не ви се допаѓа, можете да ѝ го кажете тоа, но на љубезен начин.
16. „Ти благодарам што го правиш син ми среќен“
Доколку вашата свекрва никогаш не ви го кажала ова, тоа е така затоа што не сака да си помислите дека ви се умилкува. Таа е многу благодарна што нејзиното дете е среќно со вас.
17. „Многу сум љубопитна“
Таа очајно сака да знае кога ќе стана баба!
18. „Многу би сакала да разговарам со тебе за важни работи“
Свекрвите многу пати стојат на страна и гледаат како донесувате животни одлуки што можеби не се најдобри за вас.
19. „Свесна сум дека нема уште долго да бидам со вас“
Таа сака да биде среќна во последниот период од животот, а не да се расправа за ситници.
20. „Разговарај со мене“
Ако мислите дека не можете да разговарате со вашата свекрва затоа што не ја знае целата приказна, објаснете ѝ. Таа само сака да помогне.
21. „Би сакала да бидеме поблиски“
Последниот пат кога ви била на гости, едвај сте размениле неколку збора. Таа не разбира зошто е тоа така. Доколку постои некаков проблем, би сакала да го решите што е можно побрзо.
22. „Мислев дека ќе бидеш среќна поради тоа што сум ти свекрва“
Таа се надевала дека ќе се разбирате, но ситуацијата е поинаква и тоа ја убива.
23. „Некои свекрви кажуваат секакви работи“
Но, вистинската свекрва никогаш не го прави тоа намерно.
24. „Моите повици во 8 часот наутро во сабота не се злонамерни“
Таа се надева дека нема да ве налути со тоа што ви се јавува наутро. Вашата свекрва едноставно не може да дочека да го започне викендот со вас.
25. „Сум имала богат, возбудлив и комплициран живот“
Таа би сакала да ја доживувате како интересна жена, а не само како свекрва. Свекрвите пред сѐ се луѓе со возбудливо минато, а не здодевни баби кои сакаат да ве нервираат.
Доколку сепак не можете да излезете на крај со мајката на вашиот сопруг, можеби ќе ви помогнат следниве 10 совети за да се справите со вашата свекрва.