23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

„Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа, мора да продолжите да се движите.“ – Алберт Ајнштајн

Животот не е секогаш толку прекрасен. Можеби ви звучи сурово, но мора да прифатите дека понекогаш работите нема да се одвиваат онака како што посакувате. Колку повеќе тагувате поради вашите неуспеси толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите вашиот пат, ќе ѝ се предадете на депресијата и ќе потонете во негативните мисли. Клучот за среќата и мирот е во ваши раце и само вие можете да си го подобрите животот. Прочитајте ги следниве 23 сурови вистини за постоењето кои треба да ги прифатите што е можно побрзо…

23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

1. Среќата е избор што само вие можете да го направите

Или ќе одберете да бидете среќни или нема да го направите тој избор. Сѐ зависи од вашата перцепција за животот. Понекогаш не ви требаат милион евра за да бидете среќни. Понекогаш доволно е да се напиете шолја убаво кафе за да се чувствувате подобро.

2. Сите умираме

Стареете и вашето време истекува. Еден ден ќе ве снема. Без разлика колку трошите и давате од себе, сѐ ќе биде готово еден ден.

3. Никогаш нема да бидете совршени

Совршенството е мит. Ние не ни знаеме како изгледа нешто што е совршено. Па, која е смислата на тоа да трагате по нешто што никој никогаш го нема видено во својот живот?

4. Сите околу вас ќе умрат еден ден

Луѓето што ги сакаме умреле и ќе умираат, бидејќи таков е законот на природата. Прифатете го фактот дека тие мора да заминат.

5. Ништо не е вечно

Промената е единствената константа во светот. Без разлика дали станува збор за врски, материјални работи, моменти или вашиот социјален статус. Сето тоа ќе заврши еден ден.

6. Колку повеќе ја бркате среќата толку повеќе ја губите

Среќата се крие во прифаќањето. Прифатете ја сегашноста таква каква што е. Колку повеќе се обидувате да бидете среќни, толку помали се шансите да бидете среќни.

7. Среќата не се купува со пари. Престанете да трагате по материјални богатства

Богатството може да ви даде луксуз, но не може да ви купи среќа. Може да бидете најбогатите луѓе на светот, а длабоко во себе да се чувствувате многу тажно.

8. Не можете да им угодите на сите

Не можете да ги натерате другите да ве сакаат. Секогаш ќе постои барем една личност која ќе ве мрази и не можете да го контролирате тоа. Престанете да живеете за луѓето околу вас. Ако не им се допаѓате, не се обидувајте да го промените тоа.

23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

9. Вашата врска не е клучот за вашата среќа

Можеби ви е тешко да живеете сами, но сериозната љубовна врска не е неопходност во животот. Врските се само еден дел од нашата среќа. Наместо очајно да трагате по тоа, фокусирајте се на себе.

10. Прифатете ги вашите недостатоци

Сите ние имаме маани и вие мора да ги прифатите вашите, наместо да ги игнорирате или криете. Не можете да бидете беспрекорни. Ако се обидувате да ги поправите, само ќе си го нарушите менталниот мир.

11. Поминувајте време сами

Истражувајте се, дајте си повеќе време. Во моментот кога ќе дознаете што сака вашата душа, ќе пронајдете внатрешен мир.

12. Престанете да реагирате на работите

Ќе има многу ситуации во кои ќе бидете повредени. Не можете да ги контролирате другите, но можете да се контролирате себеси. Реакцијата само ќе ја зголеми тагата. Најдобро е да останете позитивни.

13. Живејте во сегашноста

Нашата иднина е непредвидлива. Не знаеме што ќе се случи и иднината не е целосно во ваши раце. Доколку постојано живеете во минатото или се обидувате да ја контролирате иднината, вие ќе ги пропуштите сите радости што ги носи сегашноста. Размислувајте за сегашноста и живејте во неа.

14. Преземете одговорност

Само вие можете да се контролирате себеси. Преземете одговорност за своите постапки и животот ќе ви биде многу помирен.

15. Истражувајте ги вашите таленти

Некои луѓе немале толку среќа за да се родат талентирани. Па, доколку имате некаков талент, истражувајте го, негувајте го и искористете го. Не трошете го залудно.

16. Луѓето не се интересираат за вашиот живот

Да, добро прочитавте! Луѓето можеби сочувствуваат со вас, но и тие си имаат своите проблеми што треба да ги решат. Никому не му е грижа колку ви е тежок животот. Бесмислено е да се обидувате да ги уверите дека вашиот живот е потежок од нивниот.

23 сурови вистини за постоењето што ќе ве натераат да си го средите животот

17. Пренесувајте го вашето знаење

Нашето знаење се проширува преку споделувањето. Тоа е најубавиот подарок што можете да го дадете некому. Ако го пренесувате вашето знаење, не само што ќе им помогнете на другите туку и ќе си помогнете себеси да созреете.

18. Секогаш бидете благодарни

Наместо да се жалите, бидете благодарни и на тој начин ќе ја извлечете позитивната страна од сето она што се случува околу вас.

19. Ценете го времето, а не парите

Парите доаѓаат и си одат, а време секогаш имате. Не можете да го вратите назад изгубеното време, но можете да заработите пари откако ќе банкротирате.

20. Престанете да сонувате и фокусирајте се на работата

Секако дека имаме потреба од сонување. Но, трошете премногу време на сонување и не правење ништо. Сакате да станете некој и нешто? Тогаш сторете го тоа! Работете на тоа.ж

21. Престанете да ги обвинувате другите

Некој можеби направил нешто што не треба, но ако го обвините, само ќе ги покажете вашите слабости. Дали треба да си го трошите времето мислејќи на луѓето што ве повредиле? Наместо тоа, најдете начин да станете уште посилни.

22. Престанете да поминувате толку време на социјалните мрежи

Социјалните мрежи создаваат зависност, но немојте да го трошите сето ваше време на нив. Излезете од дома и живејте. Почувствувајте го светот со сите ваши сетила!

23. Преземајте ризици

Како ќе го разберете животот ако не преземате ризици? Ризикувајте, бидејќи нема што да изгубите!

За да можете да постигнете личен развој, покрај овие, треба да ги знаете и следниве 10 сурови вистини за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар