21 знак дека вашиот сопруг ви е најдобар пријател
Можете да имате многу пријатели во вашиот живот, но никогаш нема да имате пријател како вашиот сопруг. Пријателството е неопходно доколку планирате да бидете засекогаш заедно. Па, дали вашиот сопруг ви е најдобар пријател? Овие знаци ќе ви помогнат да го дознаете тоа…
1. Сѐ си кажувате
Првиот човек кому му ги соопштувате добрите вести е вашиот сопруг и обратно. Обожувате да му раскажувате што ви се случило во текот на денот и можете да разговарате буквално за сѐ.
2. Тој е единствениот човек кому му верувате
Имате мал круг на луѓе на кои им верувате, но сепак вашиот сопруг е човекот кому најмногу му верувате. Сигурни сте дека вашите тајни се безбедно зачувани кај него.
3. Обожувате да се задевате
Малите забавни трикови и шеги ја одржуваат вашата врска во живот. Победник е оној кој ќе смисли најсмешен трик!
4. Тој е вашиот заштитник
Вашиот сопруг е секогаш покрај вас. Тој ве брани по секоја цена и подготвен е да го ризикува сопствениот живот за да ве заштити.
5. Подеднакво ве сака кога имате и добри и лоши денови
Тој сака да ве направи среќни и подготвен е да ве сака и во лошите и во добрите денови. Кога поминувате низ тежок период, тој е секогаш до вас и ви помага да застанете на нозе.
6. Се сакате поради вашите недостатоци
Никој не е совршен и убавината на вашата врска лежи во тоа што се сакате поради вашите недостатоци. Вашите маани се безначајни во неговите очи, исто како и неговите маани во вашите очи.
7. Си давате најдобри совети
Секогаш си пружате меѓусебна поддршка. Кога ви треба совет, веднаш му се обраќате нему, бидејќи тој најдобро знае што ви треба и што да ви каже.
8. Се сослушувате меѓусебно кога има потреба за тоа
Комуникацијата е клучот за секоја успешна врска. Ако вашиот сопруг ви е најдобар пријател, тоа значи дека тој е подготвен да ве сослуша во секое време. Истото важи и за вас. Секогаш сте тука за него кога му треба разговор.
9. Не ве осудува поради ситници
И покрај вашите недостатоци, тој ве сака такви какви што сте. Никогаш не ве осудува.
10. Сѐ правите заедно
Каде и да одите, тој е секогаш покрај вас. Сакате заедно да ги доживувате животните авантури.
11. Тој е човекот кој најдобро ве познава
Вашата врска е двонасочна улица. Го познавате вашиот сопруг подобро од кого било друг и обратно, бидејќи не постојат тајни помеѓу вас.
12. Ве прави среќни
Најсреќни сте кога сте со вашиот сопруг. Тој го извлекува најдоброто од вас, исто како што и вие го извлекувате најдоброто од него.
13. Постојано ве изненадува
Вашата врска е полна со изненадувања и постојано се прашувате што вашиот сопруг ќе направи следно. На овој начин, тој ја покажува неговата љубов и ви докажува дека сте најдобри пријатели.
14. Прави слатки и будалести работи за вас
Понекогаш работите што ги прави се будалести, но вие го сакате уште повеќе поради тоа. Среќни сте што го имате како најдобар пријател.
15. Знае токму што ви треба
Кога имате тежок ден и не знаете што да правите со себе, тој точно знае што да направи за да ве расположи.
16. Најтешко ви е кога сте разделени
Кога не сте заедно, ви се чини дека целиот свет застанал. Ги броите минутите додека повторно не го видите вашиот најдобар пријател.
17. Се сакате поради вашите чудни опсесии
Сите се опседнати со нешто. Вие се сакате без оглед на тоа колку се чудни вашите опсесии. Со текот на времето сте развиле љубов кон опсесиите на вашиот сопруг и тие станале и ваши опсесии.
18. Обожувате да патувате заедно
Не постои друг човек со кого попрво би тргнале на патување, бидејќи вашиот сопруг е единствената личност со која сакате да доживувате авантури. Освен тоа, тој нема да ве осудува кога ќе почнете на сиот глас да ги пеете песните од Дизни додека патувате.
19. Вие сте неговиот свет
Ништо не му е поважно од вас. Вие сте неговиот живот и центар на универзумот.
20. Јавно ја покажувате вашата љубов
Јавното искажување љубов е само бонус. Не се срамите да покажете колку се сакате.
21. Животот не би бил целосен без него
Сега кога го познавате добро, знаете дека животот не би ви бил целосен без вашиот сопруг. Тој е вашиот единствен вистински најдобар пријател. Вашето пријателство е вечно и непобедливо.
Доколку не сте во брак, прочитајте ги следниве 12 знаци дека вашето момче е и вашиот најдобар пријател.