21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта - Part 2

21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта

8. Зацврстете ги очилата за сонце со безбоен лак за нокти

Доколку очилата за сонце ви се разлабавени, но при рака немате мал шрафцигер за да ги зацврстите шрафчињата, дајте му шанса на безбојниот лак за нокти така што ќе нанесете малку токму на местото каде што се шрафчињата.

(8)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

9. Ставете безбоен лак за нокти врз конецот на копчето кое штотуку не ви се откачило од кошулата

Малку лак за нокти за кратко време ќе го спречи целосното разлабавување на конците кои го држат копчето. Брзо и едноставно, но привремено решение за кога немате игла при рака или сѐ уште знаете да шиете.

(9)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

10. Исчистете ја закоравената нечистотија од чевлите од антилоп со турпија за нокти

Нежно истурпирајте го нечистиот дел и чевлите ќе ви бидат подготвени за носење уште веднаш.

(10)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

11. Изрибајте ги флеките од вода на чизмите користејќи само четка за заби и оцет

Доколку чизмите ви се исфлекани од вода, сол или снег, земете четка за заби која малку ќе ја натопите во бел оцет и лесно изрибајте ги флеките. Чизмите за кратко време ќе ви бидат како нови.

(11)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

12. Дамките на кожните чевли исчистете ги со чепкалка за уши и малку вазелин

Мацнете го памукот од чепкалката за уши во вазелинот и со нежни движења исчистете ги дамките на кожните чевли.

(12)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

13. Изгребаните чевли ќе ви бидат повторно мазни со нанесување малку хидратантен лосион

Доколку немате при рака специјален крем за премачкување на чевли, искористете го вашиот хидратантен лосион така што ќе нанесете малку на чист пешкир и потоа со него ќе ги избришете чевлите. Чевлите ќе ви бидат освежени и подготвени за носење уште веднаш.

(13)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk

14. Искористете ја сода бикарбоната за да ја отстраните миризбата од патиките

Сода бикарбоната е лек за сѐ. Испрскајте малку во носените патики и таа ќе ја впие лошата миризба и потта. Веќе нема да имате потреба да ги перете секоја втора недела.

(14)-21-finta-so-koja-kje-gi-vratite-vo-zhivot-unishtenite-alishta-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Iva Reply

    Gel od petroleum = vazelin :))

Остави коментар