21 финта со која ќе ги вратите во живот уништените алишта
Ах, колку ли само мразите кога омиленото парче облека ќе ви се уништи? Или кога најмодерните штикли не можете повеќе да ги носите поради дамката која никако не можете да ја исчистите? Следниве неколку генијални совети сигурно ќе ви помогнат, па повторно ќе може да „влезете“ во вашите најсакани парчиња облека.
1. Ставете го џемперот во замрзнувачот преку ноќ за да спречите растегнување
Ако џемперот планирате да го облечете утре, тогаш вечерва ставете го замрзнувачот, а веќе до утрото ќе биде како нов. Ова посебно се однесува на волнените и џемперите од кашмир.
2. За да ја отстраните лошата миризба од фармерките, ставете ги во пластична кеса и оставете ги цела ноќ во замрзнувачот
Бидејќи замрзнувачот ќе ги убие сите миризливи бактерии, нема повеќе да треба да се грижите за бојата на фармерките која сигурно избледувала со секое перење во машината.
3. Избришете ги дамките од пот под вашите пазуви со сок од лимон или сода бикарбона
Помешајте го сокот од лимoн со малку вода и протријте ја површината на блузата каде што се наоѓа дамката. Доколку станува збор за поинтензивна дамка, тогаш наместо лимон употребете паста од сода бикарбона и вода, така што ќе ја оставите неколку минути да се впие. Потоа ставете ја блузата за перење.
4. Отстранете ги дамките од дезодоранс со облеката која штотуку сте ја зеле од хемиското перење
Облеката од хемиско чистење сѐ уште содржи малку пена од перењето, па триењето на чистата облека со исфлеканиот дел од вашата блуза може да помогне. Бидете внимателни да не станува збор за алишта кои пуштаат боја.
5. Испрскајте ги замирисаните алишта со малку вотка за да ја отстраните несаканата миризба
Совршен трик за кога немате време да ги исперете алиштата кои сакате да ги носите. Само испрскајте ги со малку вотка и оставете да се исушат. Вотката за кратко време ќе ги уништи бактериите кои ја предизвикуваат миризбата.
6. Пената за бричење искористете ја за да ги отстраните флеките од пудра на вашата блуза
Ставете малку од пената врз извалканото место и ставете ја блузата за перење. На овој начин флеката многу полесно ќе исчезне.
7. Дамките од кармин исчистете ги со лак за коса
Доколку етикетата на облеката не вели дека се само за на хемиско перење, тогаш точно над дамката испрскајте малку лак за коса и веднаш ставете ја облеката за перење.
Gel od petroleum = vazelin :))