21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат - Part 2

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

12. Емпатот, не може да увиди дека повторно е манипулиран, бидејќи нарцисот всадил моќна, извртена реалност во неговата глава. Притоа, емпатот почнува да се сомнева во сопствениот здрав разум и перцепција. Емпатот, едноставно не може да ја види вистината, дека нарцисот е тој којшто е зол и се однесува комплетно некоректно.

13. Секој обид на емпатот да комуницира искрено со нарцисот, нема да води никаде. Нарцисот, секојпат ќе се обидува да ја префрли вината кон емпатот и да се оправда себеси.

21 фаза низ која поминува токсичната љубовна врска помеѓу нарцис и емпат

14. Емпатот треба да разбере дека е сосема во ред и нормално, да се чувствува збунето, изгубено, ненаоружано и длабоко повредено. Тој треба да започне сериозно да размислува за сè и да се посвети на себе, за да може повторно да се чувствува нормално.

15. Емпатите имаат силна дарба за исцелување на други луѓе. Тие поседуваат моќна внатрешна сила, која им е неопходна за да ја надминат секоја препрека којашто ќе им застане на патот. Тие се способни да ја ублажат туѓата болка како да е нивна, само доколку имаат желба да го сторат тоа.

16. Емпатот, во оваа фаза, конечно ќе ја открие вистината, дека нарцисот не ја заслужува неговата љубов, грижа и посветеност. Емпатите мораат да разберат дека, не секој којшто ќе направи тажен израз, го покажува своето вистинско лице. Во светот, постојат многу луѓе коишто имаат скриени, злобни мотиви и се служат со безброј манипулативни техники, за да го добијат тоа што го сакаат. Исто така, емпатот мора да се соочи со бруталната вистина, дека не секој што ќе изусти „те сакам“, навистина го мисли тоа.

17. Потоа, емпатот треба да сфати дека тој е вистинската жртва во таа врска, а не нарцисот, како што мислеше цело време.

18. Кога емпатот ќе увиди дека нарцисот нема никогаш да се промени, тоа ќе биде многу тешко откритие и освестување за него. Како и да е, оваа фаза е неопходна за да може емпатот да продолжи понатаму со животот и да стави крај на оваа токсична врска со нарцисот.

19. Нарцисот ќе си продолжи со животот, како ништо да не се случило. Тој дури нема ни да ја помни огромната љубов и почит, којашто емпатот му ја давал.

20. Нарцисот ќе продолжи понатаму, во поход по нова жртва.

21. Емпатот ќе стане помудар, поцврст и повнимателен околу тоа, на кого ја нуди својата љубов, време и нежност.

Може да ве интересираат и овие 10 знаци дека сте во врска со нарцис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар