20 знаци дека сте подготвени да стапите во брак
Дали се сомневате во вашата подготвеност на овој голем чекор? Побарајте ги овие знаци, ако овие нешта важат за вас, тогаш сте подготвени.
1. Се чувствувате добро за себе, и тогаш кога вашиот партнер не е со вас
Едноставно на чисто сте со себе, слободни сте во своја кожа, со или без вашиот партнер.
2. Кога ги слушате пријателите/ките како раскажуваат за нивните состаноци, не чувствувате дека пропуштате нешто
Напротив, мило ви е што го имате вашиот партнер.
3. Точно знаете што барате во вашиот/ата иден/на сопруг/а
Кои карактерни особини треба да ги поседува, што треба а што не треба да прави.
4. Одржувате блиски пријателства
Не сте сами, одржувате долги и топли пријателски односи. Секогаш може да си најдете друштво настрана од вашиот партнер.
5. Сфаќате дека не сè треба да се врти околу вас
Знаете да заборавите на себичноста и да се жртвувате за друга личност, нешто што можеби не сте можеле да го направите пред неколку години.
6. Сè почесто ги забележувате свршеничките прстени по излозите и на рацете на другите девојки
Можеби бидејќи по малку сте опседнати со облици и модели? 🙂
7. Кога ќе помислите на вашата иднина, го гледате и вашиот партнер
Кога мечтаете за иднината и кога правите планови, едноставно тој/таа е дел од нив.
8. Со вашиот партнер отворено зборувате за пари
Може слободно да му/ѝ кажете во каква „каша“ сте, или дека сте добиле ненадеен прилив на пари. Едноставно не се ограничувате што треба да му/ѝ кажете а што не, слободни сте и нема што да криете.
9. Сте зборувале за брак
Можеби не директно за брак меѓу вас двајца, но сè почесто зборувате општо за бракот, за заеднички живот, деца и сл.
10. Вашите емоции се поврзани
Кога тој/таа е лут/а, и вие сте, кога е среќен/на и вие ја чувствувате среќата.
11. Сте ги споделиле вашите несигурности, сомнежи, и сте дозволиле да бидете ранливи пред него/неа
Понекогаш сте хаос во движење, тоа го видел вашиот партнер и сепак е покрај вас.
12. Тој/таа е вашата личност во итни случаи
Што и да ви се случи, прво ќе го/ја побарате него/неа.
13. Кога ќе чуете добри вести, тој/таа е првата личност на која ѝ се јавувате да ја споделите радоста
На што вашата мајка се лути понекогаш.
14. Буквално не ни помислувате на тоа да се вратите во некоја од вашите претходни врски
Молам, во тој хаос? Не, фала.
15. Не чувате омраза и негативни чувства
Ако нешто згрешил/а, му/ѝ кажувате, го решавате проблемот и продолжувате понатаму. Не чувате во себе негативни чувства и замерки.
16. Не се грижите што тој/таа прави кога вие не сте со него/неа
Не сте љубоморни, а дури и да сте малку му/ѝ верувате. Може слободно да ви каже дека е на кафе со пријателите и други личности кои не ги познавате, и вие само да му/ѝ посакате убав помин без ронка грижа.
17. Сте помислиле што би било кога би живееле заедно
И не само тоа, сте помислиле дека всушност би сакале да живеете заедно.
18. Сте зборувале за тоа колку деца би сакале
И двајцата сакате ист или приближно ист број деца.
19. Не се ни сомневате за неговите/нејзините чувства за вас
Знаете дека е луд/а по вас.
20. Дури и ако не би ја имале венчавката од вашите соништа, сепак би стапиле во брак со него/неа
Па воопшто и да нема свадбена церемонија, кому му е грижа?