20 трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае
Шминката знае да биде најдобриот пријател на жената кога тоа ѝ е најпотребно. Токму затоа, малите трикови кои би помогнале таа да изгледа што е можно поблиску до совршеното се секогаш добредојдени.
1. Прво користете основа, па потоа коректор
Доколку ставите прво коректор, кога ќе ја нанесувате основата ќе избришете поголем дел од коректорот. Но ако прво ја нанесете основата, ќе ви биде потребно помалку коректор.
2. Најдобар начин да нанесете коректор е да нацртате триаголник чија основа ќе биде линијата под вашето око, а врвот ќе се стреми кон вашиот образ
На овој начин не само што ќе ги сокриете подочниците, туку и ќе создадете илузија на многу затегнато лице.
3. Нанесете коректор на очните капаци за да спречите бришење на сенката и трошење на вашите трепки
Коректорот може дури и самостојно да послужи како сенка.
4. Доколку сакате да ги покриете акните, прво користете зелен коректор, а потоа нанесете го коректорот кој одговара на вашата кожа
Зелениот коректор нанесете го точно над акните со чиста четкичка, но не и околу. Потоа искористете го памукот од чепкалката за уши така што со него ќе го нанесете коректорот во боја на вашата кожа врз акните и околу. За крај нанесете ја и пудрата.
5. Доколку имате акни на градите или на грбот, нанесете коректор кој совршено одговара на вашата кожа директно врз нив, а потоа нанесете соодветна нијанса на пудра
Коректорот ќе го покрие црвенилото, а пудрата ќе спречи коректорот да се избрише.
6. Доколку во даден момент немате коректор со себе, нанесете мала количина од течната основа врз акните, почекајте да се исуши и потоа довршете со пудра
Трикот е во тоа што доколку чекате доволно долго да се исуши основата, таа ќе го има истиот ефект како и коректорот. Во спротивно ќе покрие многу мала површина бидејќи ќе се размачка кога ќе почнете да нанесувате пудра.
7. Користете коректор кој е за нијанса посветол од вашата кожа за да покриете три мали области од очите: внатрешното V, средниот дел од вашиот очен капак и делот точно под вашите веѓи
Доловува изглед на добро одморена личност и делува многу природно.
8. Со прстот до малиот прст нанесете портокалова или праска боја коректор на вашите подочници
Прстот до малиот прст ќе го нанесе коректорот со доволен притисок за тој совршено да се вклопи во вашата кожа, а овие нијанси на коректор ќе ги покријат темните кругови под вашите очи. Над ова се нанесува пудра.
9. Запознајте се со тоа кои нијанси на коректор за што се користат
Розевкаст или праска боја коректор е за подочници или модрици, зелениот е за криење на црвенило, а жолто нијансираните коректори се за да ја изедначат бојата на вашето лице.
10. Покријте ги подуените очи со мала мешавина на крем за очи, коректор и течна сенка
Измешајте ги состојките на надворешниот дел од вашата дланка и потоа мешавината нанесете ја под вашите очи, над вашите веѓи и на страничниот надворешен дел од очите за да ја скриете подуеноста на очите.
11. Откако ќе го нанесете коректорот, потапкајте ја областа со суво хартиено марамче за да спречите негово згуснување токму под вашите очи
Со марамчето ќе успеете лесно и брзо да го избришете непотребниот слој на коректор кој само би се наталожил под вашите очи.
12. Изострете ја линијата нанесена со тушот за очи така што ќе користите тенка четка натопена во коректор
Ова е многу полесно отколку да го бришете тушот и одново да го нанесувате.
13. Истакнете го карминот и спречете тој да се размачка така што околу усните ќе нанесете тенка линија од коректор
Вашите усни после ова ќе изгледаат многу изострено, секако, во позитивна смисла.
14. Истакнете ги вашите усни со нанесување малку светол коректор и сјај за усни
Нанесете светла нијанса на коректор на средината на вашите усни, потоа лесно размачкајте го тоа околу и на крај нанесете скоро проѕирен сјај за усни кој совршено ќе го долови изгледот на полни усни.
15. Сменете ја формата на вашите усни така што прво ќе ги покриете со коректор и потоа ќе нанесете молив за усни малку понадвор од вашите природни уснени линии
Откако ќе го нанесете коректорот користејќи чепкалка за уши, го нанесувате моливот за усни и финиширате со сјај за усни во истата нијанса како и моливот кој го користите.
16. Истакнете ги веѓите така што коректорот ќе го нанесете под и над веѓите
Користите коректор кој е за една нијанса посветол од вашата кожа, а кој го изедначувате со кожата со прстот до малиот прст.
17. Исконтурирајте ги цртите на вашето лице користејќи коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа и коректор кој е за две нијанси посветол
За ова е пожелно да користите молив-коректори така што потемниот го користите за да ги означите деловите од лицето кои се природно засенети, а посветлиот за оние кои се природно осветлени. Потоа користете четка за изедначување на нијансите.
18. Истакнете ја клучната коска така што ќе ги исправите рамениците и ќе ги истакнете природните контури со коректор кој е за две нијанси потемен од вашата кожа, а потоа ќе ги осветлите со коректор кој е за две нијанси посветол
Потемниот коректор го користите за да ги означите деловите кои се засенети, а посветлиот за оние кои се поистакнати. Со четка или сунѓерче изедначете ги нијансите притоа елиминирајќи ја видливоста на какви било груби линии.
19. Направете хидратантен крем за лице мешајќи ги вашиот дневен лосион за лице и коректорот
Оваа мешавина не само што ќе ја хидрира вашата кожа, туку и ќе ги изедначи нијансите на вашето лице.
20. Чувајте повеќе нијанси на коректор во вашиот несесер со шминки
Бидејќи за секаков тип проблеми со кожата ви е потребна различна нијанса на коректор, убаво би било кога би го имале соодветниот коректор за соодветната прилика.
- Кремастиот коректор е за сокривање на црвенило и подочници и дава мат финиш.
- Коректорот во вид на цилиндар е за сокривање на тетоважи, вени, лузни и задава мат финиш. Кармин коректорот е за сокривање на црвенило.
- Коректорот како молив задава полумат финиш, а е погоден за исцртување на контури.
- Течниот коректор е погоден за областа под очите и за изедначување на нијансата на кожата.
- Течниот коректор со сунѓерче е погоден и за осветлување, а е лесно вклоплив.
- Течниот кармин коректор е погоден за круговите под очите и ја намалува подуеноста на очите.
- Течниот коректор во облик на пенкало е погоден поради веќе постоечката четкичка која покрива средно големи области околу очите.