20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Без разлика на временските услови или годишното време, веројатно секогаш сакате да изгледате модерно и убаво. За да го постигнете тоа овој април, следниве модни комбинации нека ви бидат инспирација.

1. Чипка

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Пролетната сезона е совршена за облеката со чипка. Можете да одберете парче целосно направено од чипка, но доволен е и мал детаљ. Фустанот од чипка е одличен избор за топлите денови, а можете да го комбинирате со јакни и блејзери.

2. Здолниште со цветен принт

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Пролетта секогаш нè асоцира на цветови, па април е совршен месец за овој принт. Здолништето е само еден начин да го усовршите вашиот секојдневен стил. Плисираните, струкираните и здолништата со А крој се секогаш одличен избор.

3. Модерен панк

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Чевлите со нитни можете да ги носите за секојдневно излегување и се навистина популарни. Надополнете го изгледот со искинати фармерки, а за „посериозен“ изглед можете да одберете кошула со риги. Дополнете го стајлингот со кожна јакна.

4. Спортска елеганција

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Понекогаш удобноста е приоритет, а патиките се одличен избор за тоа. Можете да ги комбинирате со спортски панталони со висок струк и широки ногавици. Во оваа комбинација одлично ќе се вклопи и еднобојната кошула и подолгата јакна.

5. Неутрални бои

20 модни комбинации што ќе ги гледаме овој април

Никогаш нема да погрешите со неутралните бои. Сите сме навикнати на комбинацијата црно и бело, но оваа пролет комбинирајте ја црната со сива боја.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар