2 едноставни маски против опаѓање на косата кои можете да ги направите од јајца

2 едноставни маски против опаѓање на косата кои можете да ги направите од јајца

Доколку се соочувате со опаѓање на косата, тогаш можеби би требало да ги погледнете овие 2 едноставни, но многу ефикасни маски од јајце. Едната од нив се прави со белките, додека пак другата со жолчките…

2 едноставни маски против опаѓање на косата кои можете да ги направите од јајце

1. Маска за коса од жолчки

Оваа маска служи како третман против опаѓање на косата. Жолчката е исполнета со многу протеини, витамини и масни киселини. Таа исто така содржи и високо количество витамини А, Д и Е. Овие витамини го подобруваат растот на косата и го спречуваат нејзиното опаѓање. Друга состојка која ќе ви биде потребна за оваа маска е маслиново масло кое помага за зајакнување на вашата коса. Тоа исто така ги омекнува вашите влакна и го спречува прераното белеење на косата.

Потребни состојки:
  • 2 жолчки од јајца
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чаша вода
Начин на подготовка и употреба:

Ставете ги жолчките во сад и сипете врз нив маслиново масло. Измешајте добро и потоа додадете чаша вода. Со помош на вашите прсти нанесете ја мешавината подеднакво низ целиот ваш скалп. Откако ќе завршите со нанесувањето, ставете капа за туширање и оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете и ако сакате измијте ја со шампон.

Овој третман е многу делотворен, па доволно е да го практикувате само еднаш или два пати во месецот.

2. Маска за коса од белки

Белките од јајцата се совршени за оние кои имаат помрсна коса. Вишокот мрснотија може да доведе до најразлични проблеми, меѓу кои и блокирање на порите што може да резултира со други видови инфекции на кожата. Тоа исто така може да предизвика и често заплеткување на влакната. Овој рецепт содржи и мед и маслиново масло, кои меѓу другото се одлични и за спречување на опаѓањето на косата.

Потребни состојки:
  • 2 белки од јајца
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка и употреба:

Сипете ги сите состојки во еден сад и добро промешајте. Можете да направите поголемо количество во зависност од должината на вашата коса. Со помош на вашите прсти нанесете ја подеднакво врз целиот скалп, а потоа ставете капа за туширање и оставете ја да се исуши. Нека стои на вашата глава 15-20 минути, а потоа измијте ја. По избор можете да ја измиете косата и со шампон.

Овој третман е исто така многу ефикасен, па токму затоа доволно е да го практикувате еднаш до два пати во месецот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар