18 работи што посакувам некој да ми ги кажеше кога имав 18 години
Размислувањето за вашето минато може да ви помогне да ja планирате својата иднина. Ова се работите што сите би сакале некој да им ги кажел кога имале осумнаесет години.
1. Работата и работните места може да дојдат од кого било, каде било и кога било
Секогаш треба да се однесувате најдобро што можете и да оставате добар впечаток. Ќе се изненадите од тоа од каде сѐ може да добиете контакти кои можат да ви понудат значајни прилики и да го променат текот на вашиот живот – од градинарот кој се грижи за паркот, вашиот стилист за коса или од некој сосема непознат човек кој сте го запознале чекајќи ред за во тоалет.
Однесувајте се убаво со сите и креирајте пријателства пред да ви затребаат бидејќи никогаш не знаете кој е или кој ќе биде во можност да ви помогне.
2. Животот е маратон, а не спринт
Не брзајте да го освоите светот. Добро научете ги основите работи, завршувајте си ја домашната работа и исполнувајте си ги обврските додека сте млади. Тоа на крајот ќе ви се исплати и кога ќе разберете како се составуваат коцките на мозаикот ќе можете да забележите многу можности.
Повеќето луѓе прават многу заобиколувања во својата кариера пред да го добијат „вистинскиот повик“. Не се разочарувајте ако имате 40 години и сè уште истражувате затоа што патувањето е навистина одлична авантура, па затоа уживајте.
3. Стапете во брак со вистинската личност од вистинските причини
Голем дел од вашата среќа и тага во животот произлегуваат од одлуката за избор на вистинскиот партнер во животот.
4. Никогаш не рушете мостови
Никогаш не знаете кога вашите патишта повторно ќе се вкрстат со старите колеги, со поранешните шефови итн. Колегата кој ви ја украл идејата за да се покаже пред шефот може да биде заслужен за отворање на некоја нова врата за вас. Којзнае, можеби во иднина повторно ќе треба да соработувате на одредена задача, во други околности.
5. Грижете се за себе
Вие не сте добри за никој друг ако не сте во најдобра состојба, па затоа грижете се за себе, хранете се здраво, спијте, вежбајте итн.
6. Променете го начинот на кој го поминувате времето со луѓето
Наместо секогаш да се среќавате со пријателите во кафуле, во бар, на јадење или да разговарате со нив по телефон, поканете ги на прошетка или на заедничко возење велосипеди. Така, додека сте заедно, ќе можете да го искористите времето и за вежбање.
Одвојте време за пријателите, за вежбање, за дружење и сл. Никогаш нема да биде лесно како што беше во училиште да имате група пријатели за играње, но не дозволувајте тоа да ве спречи. Поминувањето време со луѓето што ви се важни е драгоцено, па тоа нека ви биде приоритет.
7. Бидете љубезни
Секогаш кога имате можност да кажете или да направите нешто убаво, сторете го тоа. Да се биде груб или насилен понекогаш може да изгледа забавно, но на крајот навистина не вреди да бидете такви.
8. Работете со најдобрите
Работете со и за навистина паметни луѓе, од нив ќе научите многу и ќе си поставите одлична кариерна патека.
9. Неуспехот доведува до успех
Секоја успешна личност што ја познавате имала падови во текот на животот – така се станува успешна личност. Всушност, неуспесите се дел од процесот.
Ако побарате од успешните личности да направат резиме за својата кариера, веројатно ќе ви кажат дека најмногу научиле од работните места на кои не успеале.
Продолжува на следната страница…