18 работи на кои мора да инсистирате во животот, дури и кога сите ви велат поинаку
Сигурно во вашиот живот имате луѓе кои секогаш „знаат што е најдобро за вас“. Иако најчесто имаат добри намери, сепак има некои работи од кои не треба да отстапувате.
Инсистирајте на остварување на вашите соништа. На некои луѓе тие може да им изгледаат невозможни за остварување и ќе ви речат дека сте луди. А тоа и не е лошо. Луѓето ги обесхрабруваат другите најчесто затоа што и самите немаат храброст за ништо и сакаат и другите околу нив да се такви за да не им покажат дека можело и поинаку.
Инсистирајте на отстапување од непотребните битки. Не секоја победа ќе ви донесе корист. Понекогаш доаѓа таква од која треба да се повлечете за да ја добиете војната. На краток рок можеби нема да изгледате добро во очите на оние кои очекуваат многу од вас, но на долг рок вие ќе се чувствувате поубаво.
Инсистирајте на прошка. Има една изрека која вели дека да бидеш лут некому за тој да се почувствува лошо е исто како да испиеш отров и да чекаш некој друг да умре. Прошката ви е потребна вам, затоа што ќе ве ослободи од лошите емоции и така полесно ќе продолжите понатаму.
Инсистирајте на ценење на она што го имате. Имајте позитивен став кон вашите остварувања, без разлика дали се целосни или не.
Инсистирајте да бидете свои. На друг начин не ни можете да живеете исполнет живот.
Инсистирајте на луѓето кои ве прават среќни. Ако целта во животот ви е да бидете среќни, логично е да се опкружите со нив.
Инсистирајте на учење од грешките. Има една изрека која вели дека не треба грешките да ги ставате на плеќите, зашто ќе ви тежат, туку под нозете за да се качите на нив и да погледнете кон подалечни хоризонти.
Инсистирајте на она во кое верувате. Порано или подоцна вашите идеали ќе бидат ставени на тест. Придржувајте се кон нив за да не дојдете во ситуација повторно да ги барате.
Инсистирајте на отстранување на драмата од животот. Не е потребно да се возбудувате поради некои нешта кои нема да бидат важни по некое време.
Инсистирајте минатото да остане зад вас. Ова воопшто не е лесно. Можеби некој ќе ви рече дека „не треба да заборавате“, но тоа може да биде неопходно за исполнет живот.
Инсистирајте на постојани промени. Тие се една од најубавите работи што може да ви се случат во животот. Секојдневието во кое сè се повторува секој нареден ден е здодевно.
Инсистирајте на помош за оние што имале помалку среќа од вас. Некој можеби ќе ви рече дека треба првенствено да се грижите за себе или дека вие не сте оној кој ќе го спаси светот, но на крај одлуката е ваша.
Инсистирајте на искреност и чесност. Не само што тоа се добри особини, туку и ќе ви помогнат да останете свои.
Инсистирајте на посветеност. Кон што и да целите во животот, ќе ви биде потребно време. Бидете посветени на целите и не се откажувајте затоа што некој друг ве советува така.
Инсистирајте на она што ви го вели срцето. Тоа најдобро знае што е најдобро за вас. Многумина ќе ве советуваат да го послушате разумот наместо срцето, но факт е дека никој не е попаметен од него.
Инсистирајте на време за себе. Не сте должни да се дружите со околината во моментите кога подобро се чувствувате сами.
Инсистирајте на љубезност. Вашиот чин на љубезност ќе инспирира некој друг. Бидете оние кои ќе го започнат тој синџир.
Инсистирајте на живот во сегашниот миг. И милион пати да се повтори, ние пак ја правиме истата грешка и забораваме на овој важен принцип.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.