18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

На почетокот на мај еден британски веб-сајт направил анкета во која учествувале 3.500 испитаници. Целта била да се открие кои видови облека се сметаат за невкусни. Резултатите биле неочекувани бидејќи на листата на овие анти-трендови се наоѓале парчиња облека кои се навистина популарни помеѓу мажите и жените ширум целиот свет. Погледнете кои трендови е веќе време да останат во минатото.

1. Тренерки за секојдневно излегување

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

Добрите манири велат дека тренерките се добри само за фитнес центрите. Без сомнение широките панталони и блузи се навистина удобни, но местото не им е во облеката за дневно излегување.

Како да ги замените?

Одберете едноставни и удобни парчиња облека за секој ден. Ова може да биде маичка со некаков принт, или широки памучни панталони.

2. Здолништа со тул

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

Време е да се ослободите од здолништата со тул. Доволно е да ги погледнете модните блогови и ќе сфатите дека веќе не се наоѓаат таму.

Како да ги замените?

Асиметричните здолништа со средна должина направени од природен материјал се навистина тренди денес. Можете да носите и модели од свила или сатен.

3. Шарени протези

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

Пред 10-15 години помислата на протези ги плашеше и најхрабрите луѓе. За среќа денталната медицина доста напредувала, па постојат многу алтернативни опции за протезите. Убавите заби се навистина потребни, но ако носите протези само за да ги покажете, нема потреба од тоа.

Како да ги замените?

Прашајте го вашиот заболекар дали може да ви ги намести протезите на внатрешната страна од забите. Ова решение е одлично за луѓето кои постојано се опкружени со други луѓе.

4. Ранци

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

За жал удобните и убави ранци повеќе не се модерни.

Како да ги замените?

Светлите чанти се она што треба да го купите. Необичните бои се одличен додаток на вашиот дневен изглед.

5. Очила огледала

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

Компанијата Реј-Бан ги пушти во продажба очилата огледала на почетокот на 20-тиот век, но тие навистина се прославија во 2013-та година. Сепак, овој моден додаток повеќе не е тренди.

Како да ги замените?

Оваа сезона одберете тенки очила, поголем модел или очила со кружна форма. Постојат многу опции за сите форми на лице.

6. Улични влечки со вештачко крзно

18 анти-трендови за оваа година и со што да ги замените

За добро или лошо, конечно се збогуваме со трендот кој беше популарен неколку сезони.

Како да ги замените?

Едноставноста е клучна. Одберете удобни чевли со тенок ѓон без декоративни елементи. Дневните чевли треба да бидат едноставни, но елегантни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар