17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализам
Уредниот дом носи живот без стрес, а хармонијата ќе ви го покаже патот кон успехот. Гуруто Лео Бабаута решил да ги сподели неговите совети со кои вашиот дом секогаш ќе биде среден.
„Мојот животен пат од преплавеност до минимализам беше бавен, но плоден, и сега ме обзема среќа секој пат кога ќе се свртам околу себе и ќе видам ред.“
Бидејќи самиот си докажал дека можно е да го направите животот поедноставен, Лео составил листа со правила која ќе ви помогне подобро да се организирате и да се ослободите од вишокот предмети.
1. Организирајте се на почетокот и на крајот од секој ден
Запишете ги трите најважни задачи за тој ден и уште неколку обврски што треба да ги завршите. Исчистете ја масата и ставете ги работите на нивно место. На крајот од денот штиклирајте ги завршените обврски и обидете се да се подготвите за утре.
2. Секогаш кога станувате од масата, тргајте по една работа
Секогаш кога ќе станете по чаша вода или за да одите во тоалет, земете нешто од масата и вратете го на неговото место. Доколку масата е чиста, земете нешто друго.
3. Кога ќе завршите со јадење, измијте ја чинијата
Наместо да ги оставате садовите да се собираат во лабавото, веднаш измијте ги после употреба. Доколку има уште нешто, измијте го и тоа.
4. Избришете го лавабото после употреба
Секогаш откако ќе ги измиете рацете или забите, избришете го и лабавото. Правете го истото и во кујната.
5. Секогаш кога минувате низ собата, вратете едно нешто на неговото место
Секогаш кога влегувате или минувате низ просторија, барем едно нешто вратете на место. На овој начин не мора сè да средувате одеднаш.
6. Облеката веднаш ставајте ја во гардероберот
Немојте да ја оставате облеката расфрлана, туку веднаш враќајте ја во гардероберот.
7. Рамните површини држете ги празни
Масичките, работната маса и подовите оставајте ги празни. Доколку на нив има многу работи, секогаш кога ќе поминете покрај нив, вратете едно нешто на неговото место.
8. На крајот од работниот ден, архивирајте го материјалот
Доколку работите со хартии, распределете ги во папки. Доколку работите на компјутер, средете ги документите во посебни фолдери.
9. Веднаш одговарајте на имејловите
Прочитајте ја пораката, одговорете ја или архивирајте ја. Најдете што функционира најдобро за вас, само немојте да ги читате имејловите и да ги оставате така.
10. Настојувајте во поштенското сандаче да имате најмногу 3 имејлови
Постепено почнете да ги расчистувате илјадниците имејлови што не ви се потребни. Избришете ги оние што не ви користат и вратете на оние на кои очекуваат ваш одговор.
11. Направете список за купување за 30 денови
Она што не ви е итно, ставете го на овој список и немојте да го купувате додека не поминат 30 денови. Дури и ако после тоа ви е потребен предметот, можете да го купите. На овој начин ќе се заштитите од импулсивно и непотребно купување.
12. Средете ја облеката
Ставете ја облеката во гардеробер што не ви е многу пристапен и оттаму земајте го само она што го носите. На овој начин ќе сфатите која облека воопшто не ја употребувате и ќе можете да ја подарите.
13. Организирајте саботно чистење
Во сабота наутро, посветете неколку часа на чистење на одреден дел од домот.
14. Едно внатре, две надвор
Кога во домот ќе внесете нешто ново или ќе добиете подарок, ослободете се од две слични нешта. Доколку, на пример, купите пар чевли, ослободете се од два пара. На овој начин добро ќе размислувате пред да купите нешто и полека ќе го намалувате бројот на работи што ги поседувате.
15. Ограничете го бројот на работи што ги имате
Размислете за тоа да го сведете бројот на секојдневни предмети или книги на 30. Од останатото ослободете се и поставете граница. Границата поставете ја сами, но во неа мора да се чувствувате малку непријатно. Во спротивно, повторно ќе купувате премногу.
16. На крајот од секој месец исчистете го нередот во компјутерот
Добро зачувајте го она што ви е потребно, а избришете ги податоци кои само зафаќаат место во компјутерот.
17. Направете тримесечна ревизија
Секои 3 месеци посветете еден викенд за темелно чистење на домот.
Како да ги примените правилата?
Не мора да ги прифатите и примените сите правила одеднаш. Обидете се секоја недела да пробувате по едно нешто. Доколку сте задоволни од резултатот, продолжете да го следите правилото. Направете си и потсетник така што нема да ја заборавите новата промена, а на крај правилно оценете се. Со текот на времето, точно ќе знаете кои правила имаат најдобро влијание врз вашиот живот, па ќе станете подобро организирани.
Погледнете ги и ситниците што можат да го подобрат вашиот живот.