16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

Важно е да знаете дека не може секогаш двајцата да се вложувате еднакво во врската, а сето тоа зависи од ситуацијата низ којашто минувате. Сепак, ако постојат знаци што откриваат дека тој никогаш не се труди да балансира, можеби е време да ја преиспитате вашата врска. Еве како да откриете дали вашиот партнер не вложува доволно напори во врската.

16 знаци дека партнерот не вложува доволно труд

1. Вие сте единствената што прашува за него и за неговиот живот

Вие се интересирате за него, но тој не се интересира за вас.

2. Тој вели „те сакам“ само откако вие ќе го кажете тоа

Инаку, тој никогаш не го кажува тоа, ниту го покажува.

3. Престанал да се обидува да ве импресионира

Не ви дава комплименти, не флертува со вас и вложува минимални напори.

4. Имате средба само ако тоа одговара во неговиот распоред

Тоа значи дека вие треба да го менувате вашиот распоред за да се вклопите во неговиот.

5. Вие секогаш избирате и предлагате средби

Вие избирате каде ќе одите, а тој обично се жали на тоа цело време.

6. Не сака да се дружи со вашите пријатели и со вашето семејство

Не е ниту заинтересиран да изгради некаков однос со нив.

7. Тој е себичен за време на сексот

Ве тера да ја завршите целата работа, додека вие ретко го добивате тоа што го заслужувате.

8. Не се грижи за својот изглед

Дури и ако прославувате посебна пригода, тој не вложува напори.

9. Понекогаш се однесува грубо кон вашите пријатели

Можеби ќе забележите дека тој се однесува поинаку во споредба со тоа како се однесува кон вас кога сте сами. По некое време, може да почне да почне да се однесува грубо и кон вас.

10. Никогаш не ви пишува прв

Тој остава вие да го продолжите разговорот.

11. Не се сеќава на значајните датуми

Тој не се сеќава на настаните како што се родендени или годишнини, а можеби нема ни да ви подари подарок.

12. Не ја плаќа секогаш сметката

Обично очекува вие да бидете првата што ќе се фати за паричникот.

13. Очекува од вас сами да направите сè

Наместо да ви помогне во домашните обврски, тој очекува вие да ја завршите целата работа.

14. Не споделува многу работи со вас

Без разлика дали станува збор за простор во плакарот, за храната или за некои информации, тој ги задржува за себе. Секогаш сè е одвоено помеѓу вас двајцата.

15. Постојано „заборава“ да ви каже нешто

Тоа би можело да биде за забавата на која ќе оди, за пријател за кој никогаш не сте слушнале или за расправијата што ја имал со неговиот шеф.

16. Не покажува интерес за напредок на врската

Ретко споменува дека сака да живеете заедно или да стапите во брак и никогаш не забележувате знаци дека ќе останете заедно уште долго време.

Прочитајте кои 10 постапки откриваат дека партнерот се грижи за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар