16 трикови за шминкање за девојките кои носат очила

16 трикови за шминкање за девојките кои носат очила

Ако сакате да се шминкате, но носите очила, сигурно ви е позната маката со која треба да се соочите за да ги балансирате двете работи. За среќа, постојат неколку совети кои значително ќе ви го олеснат шминкањето и ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед.

(2)16-trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ochila-kafepauza.mk

1. Не заборавајте ги веѓите

Кога носите очила обрнете внимание на вашите веѓи. Истакнете ги што е можно повеќе без тоа да изгледа нападно.

2. Очилата фрлаат сенка под вашите очи

Под вашите очи голема е веројатноста да има црни кругови, а сенката од очилата ги прави уште повпечатливи. За овој дел од лицето користете коректор во боја. Тој ќе ги прикрие темните делови, а вашите очи ќе изгледаат посвежо.

3. Нанесете прајмер на очните капаци

Пред да ја нанесете вашата сенка, не заборавајте да нанесете и прајмер на очните капаци. Дури и кога не ги носите очилата шминкајте се на овој начин. Вака вашата шминка ќе трае многу подолго.

4. Комбинирајте ја сенката со бојата на вашите очила

Ако бојата на очилата е неутрална, одберете и неутрална сенка за очи. Ќе се изненадите колку добро изгледа.

(1)16-trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ochila-kafepauza.mk

5. Внимавајте на тушот

Ако имате помали рамки на очилата, не претерувајте со тушот за очи. Доволно е да нанесете малку за да го постигнете посакуваниот ефект.

6. Понекогаш бидете посуптилни

Одличен начин да го постигнете тоа е да ја обоите основата на вашите трепки. Ќе добиете ефект на густи и полни трепки без да претерувате со шминкање.

7. Дебели рамки и туш

Ако имате подебели рамки на очилата, направете ја подебела и линијата со тушот. Ќе изгледа многу подобро кога вашата шминка и очила си одговараат.

8. Шарените рамки комбинирајте ги со иста сенка

Ако вашите рамки се шарени обидете се да го направите тоа и со вашата сенка за очи. Ставете посветла боја на основата, а потемна на краевите.

wearing glasses

9. Обрнете внимание на горниот очен капак

Дајте им длабочина на очите, но не претерувајте со боите. Сигурно не сакате вашите очила да зголемуваат неред од шминка.

10. Светли сенки за поголеми рамки

Поголемите рамки ви даваат повеќе простор за шминкање. Па, искористете го и експериментирајте со боите.

11. Најголемиот проблем при шминкањето

Најголем предизвик во шминкањето за сите што носат очила е да видат што всушност прават. Овие очила се одлични за шминкање.

(6)16-trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ochila-kafepauza.mk

12. Лизгање на очилата

Сигурно ви се случува да ви се лизнат очилата, а притоа да се извалкаат од пудрата на вашиот нос. За да го спречите ова нанесувајте спреј за фиксирање на шминката.

(4)16-trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ochila-kafepauza.mk

13. Маскара на вашите леќи?

Дали сте пронашле остатоци од маскарата на вашите леќи после долг ден? За да го промените ова секогаш купувајте маскара која содржи крема.

14. Маскара само на горните трепки

Ако ги носите очилата секогаш нанесувајте маскара само на горните трепки. Ако ја нанесете и на долните ќе изгледате премногу нападно.

15. Пробајте помали четки за шминкање

Ако навистина не можете да гледате без вашите очила, пробајте да употребувате помали четки за шминкање. Тие ќе ви дадат простор да се нашминкате без да ги извадите очилата и ќе можете да стигнете до тешко достапните места.

16. Најважно од сè, забавувајте се!

Само вие најдобро си го знаете лицето, па ако ви се допаѓа нешто, пробајте го без двоумење!

(5)16-trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-koi-nosat-ochila-kafepauza.mk

Погледнете и како да ги одберете совршените очила според формата на вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар