16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

Животот е непредвидлив, некогаш среќен, некогаш луд, некогаш тажен. Во 20-тите години од нашите животи учиме многу нешта, стануваме возрасни и го осознаваме животот гледајќи на нештата од друга перспектива. Еве на што нè учи животот пред да наполниме 30.

16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

1. Можете да правите сè што сакате

Се сеќавате на сонот од вашето детство? Што сакавте да бидете кога ќе пораснете? Сега сте возрасни и можете да бидете сè што сакате. Вашиот сон можеби изгледа глупав или невозможен за некој друг, но тоа не значи дека не може да ви се оствари. Може да бидете сè што сакате.

2. Не е правилно да се ограничувате себеси

Секогаш бидете отворени на нови предизвици и можности. Не ограничувајте се себеси со изговор дека припаѓате во одредена група на луѓе или дека би работеле само една одредена работа. Доколку ви се отвори можност да добиете ново искуство, прифатете ја. Можеби сте завршиле факултет кој стручно ве подготвил за одредена работа, не значи дека таа работа е единственото поле на кое би можеле да градите кариера.

Ако пак, досега сте биле цврсто уверени во некое гледиште за животот, дозволете си себеси да бидете разубедени доколку е можно. Ниеден ваш став не е конечен, може да биде надградуван и изменет, затоа престанете да се ограничувате себеси во кој било поглед. Срушете ги бариерите кои сами сте ги поставиле. Би се изненадиле што сè има зад нив.

3. Секогаш може да научите повеќе

Станете наутро со желба да научите повеќе и прифатете го денот како уште едно животно искуство. Без разлика што ќе ви се случи, добро или лошо, може да извлечете лекција од тоа. Бидете подготвени да научите нешто од секоја ситуација и од секоја личност која ќе ве сретне во животот, дури и од 5-годишно дете. Само игнорантните личности мислат дека знаат сè и дека се супериорни, но немаат поим колку многу грешат.

4. Луѓето со кои го минуваме времето влијае многу на нас

Ако се дружите со успешни и упорни личности ќе ве мотивираат да бидете такви. Друштвото влијае наголемо на нашите ставови и гледишта во животот. Ако некогаш изгубите мотивација за успех, тие се тука да ви ја вратат желбата и силата. Доколку чувствувате негативно влијание од некоја личност, имате право да ја избришете од листата на пријатели. Во 20-тите учиме дека многу внимателно треба да ги селектираме луѓето кои би ги нарекле блиски пријатели.

5. Во ред е да сте подготвени на пожртвуваност, но сè има граница

Како млади личности насочени сме кон градење кариера. Имаме елан и желба за работа, способност да дадеме сè од себе и со цел да постигнеме нешто подготвени сме да се жртвуваме. Ќе го жртвуваме нашето слободно време, ноќите за одмор, моментите минати со семејството и пријателите. Иако е правилно да се биде пожртвуван, амбициозен и насочен кон успех, лесно може да ја поминеме границата. Што се случува ако сме жртвувале едноставно премногу? Не заборавајте дека некои нешта во животот не смееме да ги запоставиме, во спротивно порано или подоцна ќе ја платиме нивната цена. Тоа може да биде нашето нарушено здравје или пријателски односи, дури и семејните врски.

16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

6. Самите сте одговорни за секоја ситуација во која ќе се најдете

Старите рекле „Што си посеал тоа и ќе жнееш“, или „Како ќе си постелеш така ќе си легнеш“, но ова го рекле со причина. Може да го минете животот обвинувајќи ги сите околу вас но без да го насочите прстот кон самите себе, што е голема грешка. Како возрасни разбираме дека самите сме одговорни за нашите животи, и дека секоја наша постапка ќе донесе последици со кои ќе се носиме самите.

7. Многу лекции ќе научите надвор од факултет

Сите сме го чекале моментот да завршиме со формалното образование, да излеземе и да му покажеме на светот што знаеме. Но, дури тогаш сфаќаме дека многу нешта не сме знаеле. Животот нè учи на многу лекции кои не се запишани во ниеден учебник.

8. Не секој кој има авторитет е во право

Сите имаме личности кои ги сметаме на некој начин за наши идоли. Постојат и личности од кои добиваме наредби и личности кои ја проверуваат нашата работа. Но, не секој кој има авторитет е секогаш во право. Секогаш информациите кои ги добивате земајте ги со доза на резерва. Почитувајте ја личноста, но пред сè размислувајте со своја глава.

9. Пороците се пат кон бездна

Алкохолот и дрогата се нешто што некои го користат како средство за моментално опуштање и заборавање на проблемите. Но, секој кој им се поклонил на овие „брзи избавувачи“ не завршил добро. Уште поважно, секогаш, без исклучок, страдаат и семејствата и најблиските на оние кои се зависни од овие пороци.

10. Ништо во животот не е точно дефинирано

Сè може да се промени и ништо не останува постојано исто. Се менуваат времињата, условите, начинот на размислување и тоа мора да го прифатиме. Ништо не е конечно и ништо не е дефинирано, мора да научиме да живееме со промените.

16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

11. Најголем ризик е непреземањето никаков ризик

Можеме да останеме во стакленото ѕвоно, на безбедно, на сигурно и никогаш да не заминеме чекор подалеку. Но, може да излеземе од безбедната зона и да дозволиме да ни се случи вистинската магија во животот. Некогаш ризикот ќе се исплати, некогаш не, но затоа се вика ризик.

12. Вербата, љубовта и надежта се најголеми двигатели во животот

Никогаш не престанувајте да верувате, да љубите и да се надевате, што и да ви се случи и колку и да сте разочарани. Љубовта, верата и надежта се основни двигатели на сечиј живот и гарантираат среќа и исполнетост на секој човек.

13. Лошите моменти се неизбежни

Во животот секој се соочува со падови и неуспеси, со несреќни мигови и лоши денови. Тие се неизбежни, но имајте на ум дека секогаш може да се исправите и да продолжите понатаму. На крајот на краиштата, она што нема да ве убие, ве прави посилни.

14. Бидете промената која сакате да ја видите во светот

Вашата желба да донесете промена можеби звучи како детски сон, но осврнете се кон луѓето кои го живеат овој детски сон, кои не престануваат да вложуваат и да се трудат да донесат промена. Тие се издвојуваат од толпата. Тие не веруваат дека сè тргнало по ѓаволите, тие веруваат во луѓето и во доброто во светот. Огледајте се на нив.

16 нешта кои мора да ги знаеме пред да наполниме 30

15. Не барајте ничија дозвола ни одобрување

Луѓето секогаш ќе зборуваат, што и да направите. Затоа правете го она што го сакате. Оној пак кој ви зборува зад грб, со причина е позади вас.

16. Во ред е, и вие сте одлични такви какви што сте

Некогаш може да помислиме дека навистина не успеваме во нешто, дека сме можеле да направиме повеќе, дека сме можеле да бидеме подобри. Во ред е. Го давате најдоброто од себе и вие сте прекрасни личности. Тука сте за вашите најблиски, им давате поддршка и љубов и истото го добивате за возврат. Во време кога сите сме ставени под голем притисок да бидеме најдобри, да се истакнеме, да се докажеме, да добиеме титули и признанија на најрана возраст, потребно ни е да чуеме дека е во ред, дека не можеме да бидеме сè или да бидеме совршени, но сосема сме одлични такви какви што сме.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар