15 врвни трикови: Пастата ќе ја спаси пеглата, а балсамот ги отстранува прстените
Ако редовно се шминкате, ќе бидете изненадени кога ќе откриете во кои ситуации може да биде многу корисно сето тоа што имате во вашиот несесер. Козметичките производи што нормално ги користите за нега или за разубавување може да биде корисни во голем број други секојдневни ситуации.
1. Пастата за заби ќе ја исчисти пеглата
Ако на вашата пегла има траги од ткаенина, исчистете ја со паста за заби за да не ја извалкате облеката. Ставете малку паста за заби на ладната пегла, потоа исполирајте ја и ќе биде како нова.
2. Лосионот за тело ја негува кожената чанта
Кожената облека и кожените чанти треба да се навлажнуваат, односно да се хранат одвреме-навреме ако сакате да траат подолго. Постојат многу производи што се наменети токму за тоа, но ако ги немате при рака, можете да користите лосион за тело или хидратантен крем што не содржат алкохол бидејќи може да ја нагризат кожата.
3. Шампонот и балсамот за коса ќе ги исчистат четките за шминка
За да го задржите квалитетот на четките за шминка, мора да ги третирате како што ја третирате сопствена коса. Измијте ги со шампон и со балсам за коса. Така ќе ги исчистите и ќе останат меки уште долго време. Се разбира, ова се однесува само на четките од природни влакна.
4. Лакот за нокти може да го спречи паѓањето на копчето
Ако мора итно да се подготвите за да излезете, а копчињата од кошулата висат, можете да ги зацврстите со лак за нокти. Ставете капка лак за нокти на конецот и така ќе го залепите копчето на кошулата.
5. Вазелинот ги поправа испуканите врвови на косата
Кога имате испукани врвови, косата слабее и тешко ќе да ја постигнете саканата должина. Во таква ситуација, нанесете вазелин на врвовите и почекајте еден час, а потоа измијте ја косата. Не само што ќе има видлив резултат веднаш, туку и вашата коса ќе сјае ако продолжите да го правите тоа често.
6. Сенката за очи може да се користи како лак за нокти
Едноставно нанесете ја на лакираните нокти, а потоа нанесете уште еден слој лак за да добиете убав ефект на омбре или измешајте ја со безбоен лак за нокти за да добиете нова боја.
7. Балсамот за усни ги отстранува прстените
Ако не можете да го отстраните прстенот, користете балсам за усни. Само тријте го на прстот, околу прстенот и ќе го отстраните без никакви проблеми.
8. Пудрата е замена за сувиот шампон
Ако немате сув шампон при рака, можете целосно да импровизирате со употреба на пудра во прав. Резултатот е речиси ист.
9. Отстранете го лепилото со употреба на ацетон
Колку пати неуспешно сте се обиделе да одвоите некој предмет залепен со лепило? Во иднина, само нанесете отстранувач на лак за нокти, по што ќе можете лесно да го одвоите.
10. Кремот за сончање ги отстранува дамките од маркер
Ова е многу корисен трик за сите родители: ако вашето дете е уметник и сака да црта со маркери, трагите ќе ги отстраните со крем за сончање. Можете да користите и крем со поминат рок.
11. Шампонот помага против замагленото огледало
Ставете малку шампон на хартиена крпа и избришете го огледалото. Ова ќе спречи да биде замаглено по туширањето.
12. Ставете дезодоранс во плакарот за да ја отстраните непријатната миризба
Плакарите што се затворени подолго време и без вентилација имаат чуден мирис. Обидете се да го решите ова оставајќи отворен дезодоранс стик за да има пријатен мирис што ќе трае некое време.
13. Четката од маскарата е добра за пилинг на усните
Исчистете ја четката од старата маскара и нанесете малку шеќер и маслиново масло на усните и тријте ги со четката. Усните ќе бидат црвени и здрави и без сува кожа.
14. Кремот за бричење го решава чкрипењето на вратите
Ако вашата врата почне да чкрипи, нанесете малку крем за бричење. Тоа ќе ви помогне да исчезнат досадните и непријатни звуци.
15. Фенот за коса е решение за вдлабнатината на автомобилот
Вдлабнатината на автомобилот можете да ја средите со фен за коса. Прво, добро загрејте го делот каде што е вдлабнатината и потоа веднаш нанесете коцки мраз. Температурните разлики може да го вратат автомобилот во првобитната форма.
Погледнете ги и овие феноменални трикови како да ја искористите старата козметика.