15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во брак
Веќе почнувате да одите по момински забави и свадби на ваши другарки и братучетки и ви станува јасно дека не сте оддалечени од бракот за 1.000 светлосни години како што ви се чинеше до пред некое време. Ова е забавна листа на нешта што секоја девојка треба да ги направи пред да го изговори судбоносното „да“.
1. Вљубете се до уши во погрешниот
Да, сите го чекаме г. вистински и совршен, но додека да стигнеш до принцот мора да бакнеш неколку жаби. Тоа може да биде лошо момче кое навистина не ве заслужува, но ќе ве научи на важна лекција во животот.
2. Научете се да готвите макар едно јадење
Не, не омлет. Земете ги рецептите на вашата баба или мајка и научете совршено да подготвувате макар еден покомплициран оброк.
3. Научете како да ја одделувате облеката при перење
Која облека е за рачно перење, која за вриење а која е за на ниска температура. Така ќе се поштедите од многу главоболки и уништени алишта кои биле облечени само еднаш. Со еден збор, станете мајстор во пералната, за ваше добро.
4. Стремете се кон работата од вашите соништа
На моменти ќе се чувствувате како кученце кое си ја брка опашката, но во ред е. Важно е да не дозволите нештата за кои сте чувствувале страст да ви се излизгаат низ прсти.
5. Патувајте со најдобрите другарки
Научете по неколку поздрави, пцовки и пофалби на јазикот од земјата која ќе ја посетите, спакувајте се и подгответе се за луда авантура.
6. Поминувајте повеќе време со вашата мајка
Веќе знаеме дека мајките ни се број 1 личности, и иако некогаш не сме ги разбирале и сме мислеле дека се паднати од Марс, сфаќаме дека ни се многу важни. Научете да ѝ посветувате повеќе внимание на вашата мајка. Договарајте излегувања, шопинг и кафе муабети сè почесто.
7. Организирајте го и детоксицирајте го својот живот
Возрасни сте, престанете да го нарекувате големиот куп алишта во плакарот организиран. Спремете план за целосна детоксикација на животот, прекинете ги отровните пријателства, прекинете со навиката да пиете премногу по што ве следи мамурлак три дена, и со нездравата исхрана.
8. Направете голем предизвик
Тоа може да биде некој екстремен спорт, или што било од што сте се плашеле. Едноставно сторете го тоа.
9. Донирајте го своето време онаму каде што е потребно
Наместо да минете неколку часа на социјалните мрежи, волонтирајте. Ќе бидете попродуктивни, задоволни со себеси, ќе стекнете ново искуство и нови пријатели и познаници.
10. Научете дека оној кој сака да ве има мора да ве заслужи
Ова важи за девојките кои не се веќе во врска. Престанете да прифаќате понуди за состанок од типови кои не ви се допаѓаат вистински и не продолжувајте да се гледате со типови кои не се трудат да ве добијат ниту пак се однесуваат кон вас со почит. Заборавете на лигавите додворувања во дискотеките.
11. Почнете да штедите
За патувањето од соништата, за нова кола и слично. Најважно од сè, научете вистински да штедите и да не се откажувате до крај.
12. Одредете го вашето мислење за клучните животни прашања
Колку деца сакате да имате? Воопшто, едно, две, три или повеќе? Не дека можете однапред да испланирате сè, но гледајте да стапите во брак со човек кој ги сака приближно истите работи како и вие.
13. Научете како да одите на штикли и да носите црвен кармин
Но, исто така научете да имате доволно самодоверба за да излезете без воопшто шминка. Научете како да реагирате на комплименти, но и дека не ви се неопходни за да бидете среќни.
14. Научете да го кажувате вашето мислење
Тоа е вашиот став и не му должите никому извинување ниту пак оправдување. Вашето мислење може да му биде чудно некому, но тоа не ве засега вам. Ако не се согласувате со нешто, ако некој бара од вас нешто што не можете да го направите, речете „не“.
15. И за крај, најважно, научете да кажете „да“
Заслужувате да бидете среќни и сакани, па кога ќе дојде оној вистинскиот за вас и оној вистинскиот момент, речете „да“.
koi gluposti se iznacitav…