15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават

15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават

Познато е дека самодовербата е клучна состојка за успешен живот. Несигурните луѓе се плашат да ризикуваат и немаат храброст да ги истражуваат тајните на светот. Самоуверените луѓе веруваат во својот успех. Ако не верувате во себе, зошто другите би имале верба во вас? Доколку сакате да си ја подобрите самодовербата, обрнете внимание на следниве 15 работи што самоуверените луѓе никогаш не ги прават…

15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават

1. Не измислуваат изговори

Луѓето со висока самодоверба владеат со своите мисли и постапки. Не го обвинуваат сообраќајот поради тоа што задоцниле на работа. Не ги оправдуваат своите пропусти со изговори од типот „Немам време“ или „Не сум доволно добар/а“. Тие наоѓаат време и работат на својот напредок сѐ додека не станат доволно добри.

2. Не се плашат од ризичните работи

Луѓето со висока самодоверба не му дозволуваат на стравот да владее со нивните животи. Тие знаат дека мора да ги направат работите од кои се плашат за да еволуираат во личноста која сакаат да бидат.

3. Не живеат во нивната удобна зона

Луѓето со висока самодоверба ја одбегнуваат удобната зона, бидејќи знаат дека на тоа место сите соништа умираат. Тие не им се спротивставуваат на непријатните чувства, затоа што знаат дека нема да можат да успеат доколку не се прилагодат.

4. Не ги одложуваат работите за наредна недела

Луѓето со висока самодоверба знаат дека добриот план што ќе се реализира денес е подобар од извонредниот план што ќе се реализира некогаш. Тие не чекаат да дојде вистинското време, бидејќи знаат дека тоа е само изговор што го користиме кога се плашиме од промени. Тие дејствуваат сега и овде, затоа што само така можат да напредуваат.

5. Не се грижат за туѓото мислење

Луѓето со висока самодоверба не заглавуваат во негативните повратни информации. Тие сакаат да шират позитивна енергија, но не се грижат за негативните мислења на кои не можат да влијаат. Знаат дека вистинските пријатели ќе ги прифатат такви какви што се и не се заморуваат со останатите.

6. Не ги осудуваат другите луѓе

Луѓето со висока самодоверба не ги толерираат непотребните драми. Не чувствуваат потреба да ги навредуваат пријателите позади грб, да учествуваат во озборувањата на работа, ниту пак да ги осудуваат луѓето со поинакво мислење. Толку се задоволни од својот живот што немаат потреба да ги гледаат другите од високо.

7. Не им дозволуваат на пречките да ги сопрат

Тие ги користат сите ресурси што им се на располагање, без разлика дали се неисцрпни или ограничени. Знаат дека сѐ е возможно ако се доволно креативни и не се откажуваат. Не се жалат поради поразите, туку се обидуваат да најдат решение.

15 работи што луѓето кои имаат висока самодоверба никогаш не ги прават

8. Не прават споредби

Луѓето со висока самодоверба не се натпреваруваат со никого. Тие знаат дека сите луѓе живеат во своја единствена приказна, па затоа, сите споредби се апсурдни и залудни.

9. Немаат потреба да им угодуваат на сите

Луѓето со висока самодоверба не ги интересира дали ќе му угодат на секој човек што ќе го сретнат. Свесни се дека со некои поединци едноставно не се согласуваат и го прифаќаат тоа како дел од животот. Тие се фокусираат на квалитетот, а не на квантитетот на познанствата.

10. Не се тешат

На самоуверените луѓе не им треба некој што ќе ги држи за рака. Тие знаат дека животот не е фер и дека нема секогаш да им оди сѐ по планот. Не можат да го контролираат секој настан во нивниот живот, па затоа настојуваат да реагираат позитивно и да продолжат понатаму.

11. Не ја одбегнуваат непријатната вистина

Луѓето со висока самодоверба ги сечат проблемите од корен, пред да се рашири болеста. Тие знаат дека како што минува времето, така нерешените проблеми само се множат. Попрво ќе се соочат со партнерот денес, отколку да ја скријат непријатната вистина под тепих и да ја ризикуваат довербата во врската.

12. Не се откажуваат поради малите потешкотии

Луѓето со висока самодоверба стануваат секогаш кога ќе паднат. Тие знаат дека поразите се неизбежен дел од личниот развој. Тие се како детективи кои се обидуваат да дознаат зошто нивниот пристап не функционирал. Откако ќе го прилагодат нивниот план, се обидуваат повторно.

13. Не им треба ничија дозвола за да дејствуваат

Самоуверените луѓе дејствуваат без двоумење. Тие секој ден си го велат следново: „Ако јас не го направам тоа, кој ќе го направи?“

14. Не си ги ограничуваат средствата

Луѓето со висока самодоверба не се ограничуваат само на првичниот план. Тие ги користат сите средства што им се на располагање и неуморно ја испитуваат ефективноста на секој нивен пристап, додека не ја пронајдат идеалната стратегија што може да им донесе најдобри резултати.

15. Не веруваат во сѐ што ќе прочитаат на Интернет

Луѓето со висока самодоверба не ги прифаќаат статиите на Интернет како вистинити, само затоа што некој автор напишал нешто. Секоја статија ја анализираат од своја перспектива. Го задржуваат здравиот скептицизам и ги користат информациите што им се важни во животот, а останатите ги забораваат.

Доколку не сте баш сигурни во себе, зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар