15 одлични совети за патување
Неискрените луѓе секогаш се обидуваат да ги искористат туристите, а ако не сте внимателни, многу лесно можете да станете жртва. Овие совети ќе ви помогнат да заштедите време и пари, но и да останете безбедни додека го истражувате светот. Воглавно, овие трикови ќе ви помогнат да избегнете несакани изненадувања и да го извлечете најдоброто од вашиот одмор.
1. Бесплатните нешта често не се бесплатни
Веројатно сте гледале улични изведувачи и некои од нив се навистина неверојатни. Но, бидете внимателни кога ќе понудат да се фотографирате со нив, бидејќи некои можат да ви побараат пари.
Друг чест трик е со „нараквица за пријателство“. Измамниците ќе ви речат дека е бесплатна, ќе ви ја стават на раката, а потоа ќе ви побараат пари. Често доаѓаат во групи и едниот од нив ќе ви ја држи раката. Иако можеби ќе се чувствувате неудобно, сепак одбијте.
2. Носете резерви
Резервни копии од пасошот, дебитни и кредитни картички, батерии… сите овие нешта не зафаќаат многу простор но можат да го спасат вашиот одмор во итен случај.
3. Чувајте пари за несреќа
Добра идеја е секогаш да имате плус пари за итни случаи. Можно е да ви притребаат кога најмалку очекувате.
4. Запознајте се со локалните жители
Запознајте се со локалните жители за навистина да го почувствувате местото. Исто така, немојте да им судите ако нивниот животен стил е многу поразличен од вашиот.
5. Моторите за изнајмување можат да бидат украдени или уништени
Изнајмувањето на мотор за време на патување може да биде многу практично. Но и овде постојат измами. Можно е доцна да откриете дека возилото е оштетено, па дури и украдено па вие ќе треба да ја платите штетата. За да го избегнете ова, заклучувајте го возилото со ваш клуч.
6. Бидете внимателни со оштетени глисери
Друга честа измама вклучува нешта како глисери, велосипеди или сноуборди. Кога ќе ги вратите назад, можно е да ви покажат пукнатини или гребнатини и да ви речат дека вие сте ги направиле. За да се заштитите, фотографирајте ги сите знаци на оштетување пред да користите каква било опрема.
7. Утрински летови за помала турбуленција
Повеќето бури најчесто настануваат попладне и навечер. Поради ова, утринските летови поретко се соочуваат со турбуленција.
8. Разбудете се порано
Разбудете се порано и избегнете ја гужвата. Утрото е најдобро и за фотографирање, а професионалците го нарекуваат „златниот час“.
9. Одберете го најдоброто време од годината
Училишните распусти се единствениот период кога семејствата одат на одмор со децата. Доколку немате дете, најдобро е да патувате додека трае учебната година за да избегнете гужва. Понекогаш е најдобро да патувате вон сезона.
10. Научете неколку странски зборови
Нема потреба да го познавате јазикот кога одите во некоја држава, но знаењето само неколку фрази може да направи голема разлика. Луѓето обично ценат кога туристите кажуваат по некој збор на нивниот јазик.
11. Земете адаптер за електронските уреди
Денес сите имаме многу електронски направи и секоја од нив доаѓа со полнач и кабли. Пред да одите на одмор, најдете адаптер што ќе функционира во државата каде што ќе одите.
12. Пакувајте се паметно
Дали навистина ви се потребни 10 пара чевли кога одите на одмор од една недела?
13. Марамата е предмет со повеќе намени
Марамите се задолжителен дел од секое патување. Можете да ги користите за заштита од сонце, прашина, како шал, ќебе, па дури и како филтер за вода.
14. Јадете локална храна
Кога барате место за јадење, следете ги локалните жители. Обично ќе платите помалку и вистински ќе го вкусите местото што го посетувате.
15. Прочитајте за местото што го посетувате
Направете мало истражување и откријте што можете и што не можете да правите. Некои традиции се многу поразлични од она на коешто сте навикнати, па можете да направите нешто непристојно или да навредите некој, без воопшто да бидете свесни за тоа.
Погледнете и како да организирате поволно патување од соништата.