15 неверојатни работи кои можат да ги потврдат само оние кои имаат постар брат

15 неверојатни работи кои можат да ги потврдат само оние кои имаат постар брат

Постарите браќа се како колачиња од кои никогаш не можете да се заситите. Дури и покрај тоа што понекогаш знаат да ве нервираат, вие едноставно не можете да одолеете на нивното присуство. Тие можеби ќе ве задеваат и ќе ве полудуваат, но истовремено и ќе ве заштитуваат и сакаат. Погледнете ги овие 15 нешта кои ќе ве потсетат на неверојатните придобивки од постоењето на постариот брат во вашиот живот.

15 неверојатни работи кои можат да ги потврдат само оние кои имаат постар брат

1. Тој ве научил како да бидете трпеливи

Како помлада сестра или брат, вие сигурно сте добро запознаени со шегите и игрите во кои тој ужива. Токму затоа можете да кажете дека ова негово однесување ве научило на трпение. Без разлика дали станува збор за родителство или пак, за каков било вид справување со други луѓе, вашиот постар брат ве научил како да не се лутите или фрустрирате толку брзо.

2. Тој ви покажал како да бидете силни

Оние кои имаат постари браќа имаат тенденција да бидат силни борци, во секој поглед. Вие сте научиле од него како да стоите цврсто на својот став и како да направите вашиот глас да биде слушнат. Вие учите да не дозволувате никој да ве турне. Сите оние „борби“ кои сте ги поминале со вашиот брат ве направиле посилни и ве научиле никогаш да не се откажувате.

3. Само за сестри: Тој ве научил како да ги разбирате момците

Момците можат да бидат тешки за една млада девојка, но постариот брат може многу да помогне при нивното разбирање. Од моментот кога нивната сестра ќе почне да оди на љубовни состаноци, постариот брат ќе ја води низ сите искуства во оваа врска. Исто така, советите од постариот брат можат многу да помогнат при избегнување скршено срце. Или при надминување на истото.

4. Тој ве запознал со спортувањето

Доколку сте спортски ентузијаст, големи се шансите дека имате многу сеќавања во кои уживате гледајќи го вашиот брат додека спортува. Тој има огромна улога во изборот на спортот кој сте го тренирале или кој е вашето редовно хоби.

5. Тој ве научил како да се натпреварувате

Постариот брат е одличен кога станува збор за повикување на натпреварувачкиот дух. Токму оваа карактеристика останува со вас низ годините и ви помага побрзо да напредувате во вашата кариера. Но, тој исто така ви помогнал и да ја развиете вашата самодоверба и лидерските способности.

6. Тој ве научил да имате контрола над вашите емоции

Многу често се случува помладите деца да бидат поемотивни, особено ако станува збор за девојчиња. Но, оние кои растат со постар брат имаат многу подобра контрола врз своите емоции. Тој едноставно ве научил дека во животот се случуваат лоши работи постојано и дека вашата задача е да ги надминете и да продолжите понатаму.

7. Тој ве научил на кавалерство

Постарите браќа ги учат своите сестри како еден маж треба да се однесува кон нив, но исто така ги учат и своите помлади браќа како тие треба да се однесуваат кон жените. Вие учите и од неговото однесување кон мајка ви, како и кон неговата девојка и според тоа поставувате стандарди кои ги очекувате од вашите момчиња.

8. Тој секогаш ќе ве заштитува

Понекогаш на една личност сè што ѝ е потребно е заштита од својот постар брат. Вие не треба никогаш да се грижите дека некој ќе ве повреди кога тој е во близина, бидејќи покрај него едноставно се чувствувате безбедно.

9. Тој е секогаш тука за да ги поправи расипаните работи

Без разлика за каков проблем станува збор, тој едноставно има способност да поправи сè што не работи. Што и да се случува, тој никогаш нема да ви дозволи да му платите некому за да ја заврши оваа работа. Исто така, доколку се преселувате, тој ќе биде првиот што ќе ви помогне при преместувањето на тешкиот мебел.

10. Покрај него, секогаш ќе имате добар избор на момци и девојки за состанување

Покрај вашиот брат, вашиот круг на пријатели многу брзо се шири. Без разлика на тоа колку е тешко да се најде добар дечко или девојка за состанување, покрај него вие секогаш ќе имате голем избор. Можеби станува збор за негови пријатели и пријателки или пак, за нивни помали браќа и сестри, па така вие секогаш ќе имате однапред проверени добри личности кои ја заслужуваат вашата шанса.

11. Само за сестри: Вие имате можност да го научите за однесувањето на девојките

Мажите знаат многу малку нешта за начинот на кој размислуваат жените. Но, вашиот брат има предност бидејќи има со кого да се советува доколку има проблем со неговата девојка. Без разлика на ситуацијата, тој во секое време е слободен да побара совет од вас, а вие сте и повеќе од среќни кога можете да му помогнете.

12. Тој ве научил на самоодбрана

Како што поминува време, така сите треба да знаат барем основно ниво на самоодбрана. Светот станува сè поопасно место за живеење, па токму затоа е добро доколку знаете како да се заштитите. Доколку знаете да користите нож или пиштол, големи се шансите дека сте го научиле тоа од вашиот постар брат.

13. Тој ве научил како да бидете кул

Уште од млади години, помладите браќа и сестри се угледуваат на својот постар брат и учат многу од неговото однесување. Меѓу другото, тие учат за животот, за културата и за светските настани. Токму затоа покрај него, вие секогаш ќе бидете во тек со најновите случувања.

14. Тој секогаш ви помага финансиски

Постарите браќа обожаваат да ја преземат улогата на татко, па токму затоа се подготвени во секое време да ви помогнат финансиски. Бидејќи тој е постар, сигурно ќе најде работа пред вас, па големи се шансите дека тој ќе ви позајми пари тогаш кога вашите родители ве одбиле.

15. Тој е вашето рамо за плачење

Дел од неговата заштитничка природа е неговата способност да ве ислуша и да ви пружи поддршка дури и во најтешките моменти. Вие знаете дека секогаш можете да сметате на него без да добиете никаква критика и осудување и токму тоа е една од причините зошто сте толку блиски.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар