15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

15 нешта кои треба да престанете да им ги дозволувате на луѓето околу вас

Никој од нас не би сакал да живее сам и во осаменост. Животот се состои од заедничко коегзистирање и интеракција со другите луѓе. Но не по секоја цена и со секого. Внимавајте кои од луѓето околу вас ви ја црпат енергијата, кои постојано ве осудуваат, а кои ве спречуваат во вашиот развој и напредок. Исфрлете ги овие луѓе од вашите животи и држете се до тие кои секогаш знаат да дадат добронамерна критика, но пред сè ќе ви пружат поддршка тогаш кога ви е најпотребно.

15 нешта на кои треба да се спротиставите во животот

1. Не дозволувајте им на луѓето да ви кажуваат како да живеете

Или како треба да се облекувате, со кого да излегувате или што да јадете.

2.Не дозволувајте им на другите да ви ја одземаат енергијата

Ослободете се од овие луѓе и не канете ја нивната негативност во вашите животи

3. Не дозволувајте им на луѓето да го пикаат носот во вашиот живот

Луѓе кои воопшто нема причина зошто да бидат присутни во вашиот живот. Држете се настрана од оние кои само сакаат да озборуваат наоколу.

4. Не дозволувајте им на луѓето да се смеат на вашите соништа

Малите умови разговараат за мали идеи. Ако сакате да сонувате за големи нешта, треба да се опкружите со луѓе кои веруваат во животни соништа или со луѓе кои можат да ги остварат тие соништа.

5. Не дозволувајте им на луѓето да ве излажат и по втор пат

Ако некој ве убеди дека се променил, не верувајте му и не давајте му втора шанса. Самите се лажете.

6. Не прифаќајте совети од луѓе кои и самите не ги применуваат

Ако луѓето кои ви делат совети самите не се придржуваат до нив, не слушајте ги.

7. Не дозволувајте им на луѓето да ги посочуваат вашите порази

Чудно, но некои луѓе се чувствуваат подобро со себе кога ги омаловажуваат другите. Не давајте им таква моќ. Соочете се со нив или напуштете ги засекогаш.

8. Не дозволувајте им на луѓето да прават да се чувствувате несакано

Исфрлете ги од вашиот живот луѓето кои постојано ви велат дека сте тешка личност и дека треба да се промените. Не грижете се, има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте. Држете се до нив. Тие се доволни.

9. Не дозволувајте да ја искористуваат вашата добрина

Или вашето време. Бидете добар пријател, но секогаш треба да знаете кога ве земаат здраво за готово.

10. Не дозволувајте им на луѓето да ве оддалечат од вашите страсти

Затоа што се луди, нереални или нема да ви донесат заработка. Не дозволувајте им да ве сопрат во потрагата по вашата среќа.

11. Не дозволувајте им на луѓето да ве притискаат со време

Луѓето сакаат временски рамки и рокови. Не дозволувајте да бидете само една точка од временскиот распоред на другите.

12. Не дозволувајте им на луѓето да ве етикетираат

Ранливи. Емотивни. Луди. Неодлучни. Комплицирани. Луѓето сакаат да етикетираат, но тоа не значи дека вие треба да се согласите. Отфрлете ги нивните етикети.

13. Не дозволувајте да ве одвлечат од вашите идеи

Мора да преземете ризик и да верувате во себе. Не споделувајте ги сите идеи со луѓе кои нема да ги разберат.

14. Не дозволувајте луѓето да ве обвинуваат за нивните проблеми во животот

Не дозволувајте им да ве посочат како виновник за нивните проблеми и грешки.

15. Не дозволувајте им на луѓето да ви земат повеќе отколку што ви даваат

На крајот од денот, луѓето можат ненамерно да ве исцедат или да ве изневерат. Кога некој ви наметнува ставови и гледишта, запомнете дека не мора да ги прифатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар