15 начини секојдневно да го прославувате Денот на вљубените
Поминаа тие 24 часа кога се прославува Денот на вљубените. Но, сите знаеме дека љубовта треба да се слави секој ден, а не еднаш годишно. Па, како да ја одржувате љубовта во врската во текот на целата година? Успешните врски не се едноставни и бараат да се вложи многу труд, особено ако сте зафатени и постојано уморни. Но, замислете си врска во која блискоста, чоколадите и љубовните пораки се секојдневие, а не исклучок! Звучи прекрасно, се согласувате? Ова се 15-те начини како да го прославувате Денот на вљубените секој ден…
1. Не им обрнувајте внимание најпрво на милениците
Колку пати сте се вратиле дома од работа и прво сте се поздравиле со вашето куче, а дури потоа со партнерот? Секогаш кога ќе си дојдете дома најпрво поздравувајте се со саканиот или саканата, па потоа со децата и со милениците.
2. Средете го хаосот
Кој сака да живее во хаос? Секако дека никој! Одвојте неколку минути за да го средите домот и ќе бидете посмирени, а и вашиот партнер ќе биде задоволен.
3. Цвеќињата не се само за посебни прилики
Некои луѓе не сакаат цвеќиња, но повеќето сакаат, па дури и мажите. Кој би можел да одолее на букет од балони со љубовна порака?!
4. Постојано приредувајте изненадувања
Постојано одбирајте нови ресторани и места за излегување, испланирајте ненадејно патување, подгответе романтична вечера без никаков повод, измасирајте го партнерот. Ова се мали работи што можат да направат чуда за да го зацврстат вашиот љубовен однос.
5. Излегувајте на љубовни состаноци
Ова е многу важно за секоја љубовна врска. Еднаш неделно одете на љубовен состанок и тоа нека ви биде еден вид ритуал. Дури и да имате деца, многу е важно да поминувате време сами заедно. Децата ќе забележат дека вашата љубов расте и ќе бидат среќни што нивните родители сакаат да се заедно.
6. Праќајте си љубовни пораки
Нека ви биде цел да испратите барем една љубовна порака неделно. Тоа можете да го направите преку СМС порака, да оставите порака на огледалото во тоалетот или во автомобилот. Можете да напишете порака на тема „50 прекрасни сеќавања што ги имам со тебе“ или „50 причини зошто те сакам“.
7. Вложувајте во врската
Не дозволувајте да помине годината без да одите на брачен семинар, да почнете со некој курс што и двајцата ќе ве интересира или да побегнете од светот. Овие работи се совршени за да се зближите повеќе.
8. Дознајте сѐ за вашиот партнер
Целта нека ви биде да научите сѐ што можете за вашиот сакан или сакана. Бидете љубопитни и поставувајте прашања. Дознајте која им е омилената боја, чоколадо или најубаво сеќавање од детството.
9. Немојте постојано да одговарате со „Да, злато“
Немојте да го смирувате партнерот. Тоа не е во ред и нема да ѝ помогне на вашата врска. Ако не знаете што се случува со саканата личност и зошто се однесува невообичаено, прашајте. Доколку не можете моментално да завршите некоја работа, кажете го тоа отворено наместо да давате празни ветувања.
10. Бранете се меѓусебно
Нема поубаво чувство од тоа кога знаете дека има некој до вас кој ве чува и штити. Бранете ја вашата љубов и чест.
11. Пофалете се со вашиот партнер
Еднаш неделно, без разлика дали се работи за пријател или колега, пофалете се со вашиот партнер. Вашата сакана личност ќе дознае за тоа и ќе се почувствува прекрасно.
12. Не правете споредби
Тревата е секогаш позелена кај соседот. Нормално дека постојат луѓе со поубава коса или со повитка линија, но никако немојте да правите споредби. Не заборавајте дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот.
13. Одржувајте контакт со очи
Добриот контакт со очи е знак за грижа и внимание. Залутаниот поглед кажува дека партнерот не ви значи доволно. Кога вашите сакани зборуваат, слушајте ги внимателно и гледајте ги право во очи.
14. Почнувајте го и завршувајте го секој ден со држење раце
Бидете дел од оние парови чија љубов не згаснала дури и по 50 години заеднички живот. Држете се за рака и изјавувајте си љубов. Редовно искажувајте ја вашата благодарност и за најмалите гестови, како на пример ако партнерот ги измил садовите.
15. Не го повишувајте тонот
Никој не сака слуша викање. Никогаш не правете го ова!
Доколку навистина сакате да го зацврстите односот со партнерот, прочитајте ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска.