15 начини да носите проѕирно без да се чувствувате голо
Автор: Софија Сионова
Проѕирните материјали се омилена инспирација на голем број дизајнери и полека се пробиваат низ улиците. Од маичките до макси здолништата со шлиц, овој тренд брзо се здобива со популарност. Но, сепак треба внимателно да се одбираат парчињата за да не изгледате нападно и невкусно.
1. Проѕирна блуза врз кошула за шик бизнис изглед
Проѕирното може да биде пристојно за на работа кога се носи врз конзервативна кошула. Само осигурете се дека транспарентното парче е доволно широко за кошулата да не се гужва.
2. Користете проѕирни материјали за да додадете текстура на монохроматскиот изглед
Кога целата комбинација се состои од една боја, елементите се вклопуваат целосно и проѕирноста на кое било парче е помалку забележлива.
3. Користете апликации за да не се чувствувате голо
Апликациите привлекуваат визуелно внимание кое создава илузија дека сте повеќе покриени.
4. Кроп топ под нешто проѕирно
Малку мрежичка или тантела е одлично ако сакате да го испробате кроп топ трендот, но сепак не сакате да изгледате нападно.
5. Додадете женственост на машката силуета со помош на транспарентни материјали
Проѕирна кошула врз градник или маичка во комбинација со пантолони изгледа прекрасно кога сакате да делувате конзервативно, но ако посакувате посекси изглед тогаш носете здолниште.