15 лекции кои секоја девојка треба да ги научи по потешкиот пат

15 лекции кои секоја девојка треба да ги научи по потешкиот пат

Некогаш, потешкиот начин да се научат некои работи е најдобриот начин. Се верува дека со годините доаѓа и мудроста, па затоа ви откриваме 15 животни лекции кои девојките треба да ги научат по потешкиот пат, затоа што само така, преку личните грешки, човек може да се здобие со трајни знаења.

(1) 15 лекции кои секоја девојка треба да ги научи по потешкиот пат

1. Убавината е во очите на набљудувачот

Вашата убавина не се намалува доколку некој не ја истакне, не ја забележи или дури и ако ја негира. Самата помисла дека некој друг може да донесе суд за тоа дали сте вие привлечни и убави и да ве убеди во тоа, говори дека сте премногу несигурна личност. Привлечноста е релативна работа. Таа зависи од секој човек поединечно. Затоа прифатете ја вистината дека некои луѓе ќе ве прифатат такви какви што сте, додека други нема да ве прифатат, воопшто.

2. Вие сте моќни

Иако ви се чини дека животот ве става пред големи искушенија и понекогаш сте си помислиле дека нема да преживеете одредена ситуација, на крајот сте ги пребродиле сите тешки моменти. Во вас има голема сила и можете да ги надминете сите предизвици, само треба да верувате во својата сила и моќ.

3. Имате апсолутна контрола

Ставете ги под контрола само оние работи кои можете да ги толерирате. Кога нештата ќе почнат да ја преминуваат вашата граница, едноставно повлечете се. Нема потреба да губите сила и енергија на работи кои и онака не можете да ги толерирате и кои само ве измачуваат. Можеби звучи тешко остварливо, но кога ќе го направите првиот чекор, ќе видите дека тоа е вистинскиот избор.

4. Пријателството е многу повеќе од допишување и пиење кафе

Морате да создадете круг на пријатели на кои можете да се потпрете во секое време и со кои можете да направите муабет и на некои потешки и подлабоки теми. Пријателствата не се само за забава, туку пријателите треба да се до нас и во тешките моменти.

5. Вашиот живот е ваша работа

Доколку ви е убаво и уживате во сопствениот живот и одлуките кои ги донесувате, што е важно што мислат другите?

6. Луѓето на кои им значите ќе појдат со вас и на крајот од светот

Можеби досега сте се нашле во ситуација да имате десетици пријатели, но кога ви се најпотребни да ги нема никаде. Животот не е секогаш бајка, затоа е добро да имате барем еден пријател кој би отишол и на крајот од светот со вас и кој би ги направил и најневеројатните работи, само да ви ја врати насмевката на лицето.

7. Квалитетот на живот не се мери според бројот на лајкови

Виртуелниот и реалниот свет почнаа толку многу да се преплетуваат, поради што голем број луѓе буквално живеат паралелни животи. Сепак, бројот на лајкови што сте го добиле на некоја фотографија објавена на социјалните мрежи не го определува квалитетот и успехот на вашиот живот. Животот е многу повеќе од фотографирање. Не ги пропуштајте убавите моменти од животот гледајќи во своите телефони.

8. Еден неуспех не ве прави губитник

Ако навистина сакате да бидете губитник само откажете се или воопшто не се ни трудете. Сето останато е успех, без оглед на крајните резултати. Секој обид да се направи и постигне одредена цел е доказ дека вие сте успешни.

9. Можете со месеци и години да планирате и на крајот ништо од тоа

Многу луѓе го минуваат животот во планирање, но поентата е во дејствувањето. Без преземање конкретни чекори, плановите ќе останат само зборови запишани на парче хартија.

10. Доколку не се труди околу вас, не ве заслужува

Доколку партнерот, сета своја енергија ја канализира кон себе и своите приоритети, ако му обрнувате преголемо внимание, а тој воопшто не возвраќа, тоа треба да ви каже нешто.

11. Не плашете се да ја покажете својата страст или амбиции кон нешто

И, никогаш, ама баш никогаш, не им се извинувајте на другите затоа што сте успешни! Секој кој истакнува дека вие сте неуспешна личност, всушност не ве заслужува во својот живот.

12. Постои голема разлика меѓу физичката привлечност и убавината

Првата се однесува на физичкиот изглед, а втората на внатрешната убавина.

13. Не морате секогаш да бидете тука за сите

Не обидувајте се да ги исполните сите очекувања на луѓето околу вас. Почесто користете го зборчето „не“ и ќе забележите колку повеќе време ќе имате за себе.

14. Дури и кога не знаете на каде одите само погрижете се дека не одите наназад

Луѓето кои се плашат да тргнат напред, најчесто се враќаат назад, во удобната зона, онаму каде што средината им е позната. Тоа се случува на сите нивоа и во сите сфери од животот. Но, не заборавајте дека секоја промена е вредна за ризикот.

15. Поентата на победата не е да поразите некој

Како што ниту личниот успех не е работа за натпреварување со некој друг. Поентата е да живеете живот каков што сакате, со изградена самопочит, којашто ќе ви покаже колку сте напредувале во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар