14 тајни за совршен изглед во секое парче облека

14 тајни за совршен изглед во секое парче облека

Сите сакаме да изгледаме најдобро што може, а притоа и да се чувствуваме најубаво. Но некогаш ќе најдеме пар фармерки, блуза, фустан или што било друго и едноставно ќе се заљубиме во тоа парче, иако длабоко во себе со тешко срце си признаваме дека не е за нас. Тоа не значи дека ако е модерно и изгледа привлечно дека веднаш треба да го купиме. Напротив, треба точно да се знае што одговара на телото, што точно да се покрие, а што да се нагласи. Тоа не се некои големи тајни, но тие сигурно ќе ви го олеснат животот, а и плакарот.

0-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mk

1. Тесна блуза или јакна

Работ на тесниот ракав на блузата или јакната треба да паѓа вертикално, од врвот на рамото до мишката, за да се задржи линијата на телото, и да не биде премногу широк, бидејќи така се создава илузија на неколку килограми повеќе. Должината на блузата секогаш треба да биде до средината на колковите.

2. Блуза со долги ракави

Кога станува збор за долгиот ракав на блузата, тој треба да завршува малку после зглобот. Но, ова правило не важи за блејзерот. Неговите ракави може да бидат свиткани, на 3/4 или во кој било друг стил кој ви се допаѓа.

3. Фустан со ракави

Слично како кај блузите, ако почетокот на ракавот не започнува точно на рамениците тогаш тој фустан нема добро да „паѓа“ на вашето тело. Без разлика колку е убав фустанот, помирете се дека тој не е за вас и продолжете со потрагата.

4. Залепен фустан

Пристојната должина на ова провокативно парче е околу 12 см над коленото. Сепак, не би сакале да бидете вулгарни, зар не?

1-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mk

5. Краток комбинезон

Должината на горниот дел од краткиот комбинезон би требало да е блиска до должината на вашето торзо за да не се собира во пределот помеѓу бутините и да ги наѕира вашите „женски делови“. Иако ова е тежок тренд за носење, сепак не треба прерано да се откажувате. Особено не во жешките месеци кои следат.

6. Класични пантолони

Во зависност од типот на пантолони, оние со тесен крој треба да завршуваат на почетокот од горниот дел на стапалото, а широките точно над потпетицата. Значи, кога купувате пантолони земете пар штикли со вас.

7. Бојфренд фармерки

Клучното кај овој модерен модел фармерки е точната должина и ширина на ногавиците. Тие треба да бидат тесни кај задникот, полека да се шират во пределот на бутовите па сѐ до листовите и треба да дојдат малку (6 см) над зглобот на ногата.

8. Фармерки

Сите знаеме дека фармерките изгледаат одлично на секоја фигура. Носете такви точно ќе ви лежат на колковите за да не излегуваат делови од вашиот стомак од страните.
2-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mk

9. Јога пантолони

Треба да бидат со висок струк за да го скријат стомачето и го приберат добро задникот.

10. Здолниште

Здолништето со среден струк е парче кое им стои на сите видови тела. Неговата должина треба да биде до онаму каде што ногата природно се стеснува, т.е. до колената или глуждовите.

11. Здолниште со набори

Го обожавате ваквиот тип сукњи? Најдете модел кој е долг до или под колената. И онака сѐ што е пократко од тоа не е соодветно за на работното место.

3-14-tajni-kako-da-izgledate-sovrseno-nosejki-go-omilenoto-parce-kafepauza.mk

12. Туника

Никако немојте да ги помешате термините „туника“ и „минич“. Туниката завршува на почетокот од вашите бутини за да ги скрие само препоните, така што кој било вид пантолони или здолниште се апсолутно задолжителни за да ги покриете останатите делови.

13. Хеланки

Хеланките мора да завршуваат точно кај глуждовите и да не се набираат за да се задржи линијата на телото.

14. Кардиган

Без разлика на неговата должина, материјалот мора да биде доволно тенок за да не изгледате како да сте го позајмиле од баба ви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар