14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли - Part 2

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

7. Леплива трака на вашите прсти

Сè што треба да направите е да ги залепите третиот и четвртиот прст од вашите стапала со леплива трака, со цел да го намалите дополнителниот притисок на нервот којшто се наоѓа помеѓу тие два прста и предизвикува болка кога носите високи штикли.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

8. Не ги соблекувајте вашите штикли

Дури и ако вашите штикли ве „убиваат“ од болка, нивното соблекување е лоша идеја. Можеби ќе ви олесни за момент, но голема е веројатноста дека нозете инстантно ќе ви отечат па кога повторно ќе ги облечете, стапалата ќе ве болат уште повеќе.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

9. Облечете ги штиклите уште од дома

Ако вашите штикли се нови и ви се тесни, носете ги низ дома барем една седмица пред да ги облечете за излегување. На овој начин, вие ќе се навикнете да ги носите, а веројатно тие и ќе се прошират малку и ќе ви станат поудобни.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

10. Антиперспирант

Пред да ги облечете вашите штикли, нанесете малку антиперспирант на местата каде што чувствувате триење, за да ја намалите неудобноста.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

11. Не прекинувајте да ги носите

Дури и ако имате голема болка во стапалата поради штиклите, обидувајте се одвреме-навреме да чекорите со нив. Ако стоите во место на високи потпетици, тоа ќе ви предизвика повеќе болка. Поради тоа, треба повремено да седнувате и да одморате, но никако не ги соблекувајте чевлите.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

12. Немојте да заборавите да се грижите добро за вашите стапала

Ако имате испукани пети, тврда и задебелена кожа, вашите високи потпетици само ќе ги влошат овие проблеми и ќе ви предизвикаат повеќе болка. Поради тоа, негата на вашите стапала е од особено значење.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

13. Одберете ја соодветната штикла

Ако никогаш не сте носеле високи штикли претходно, немојте да избрзувате и да купите стилето штикли кои ќе бидат премногу високи за вас. Точно е дека со нив ќе изгледате секси и самоуверено, но од нив вашите стапала многу ќе страдаат. Наместо стилето, одберете подебела и пониска штикла. Исто така, можете да одберете и чевли на ниска или повисока платформа, коишто се дефинитивно поудобни од штикли.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

14. Продукти за прва помош

Доколку не сте сигурни колку удобни ќе бидат вашите нови штикли, најдобро ќе бидете во вашата чанта да имате при рака неколку фластери или други продукти за лекување на плускавци. Ова ќе ви ја спаси вечерта, доколку стапалата започнат многу интензивно да ве болат.

14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

Прочитајте и за овие штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар