14 причини зошто да го сакате сопственото тело

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

Мора да биде ужасно да се чувствуваш неудобно во сопствената кожа. Зошто би живееле со тоа чувство? Зарем постои некој кој е совршен? Зошто вие би требало да бидете совршени? Ова се 14 причини зошто треба да престанете да бидете опседнати со тежината и да почнете да се сакате себеси токму онакви какви што сте.

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

1. Вашиот живот нема да се промени ако изгубите некое кило

Мислите дека сè што треба да направите е да изгубите некое килце? И што потоа? Зарем ќе бидете посреќни, ќе го живеете ли животот од соништата? Не, нема да се промени ништо, она што треба да се промени е вашата перцепција за самите себе.

2. Вашата среќа не е правопропорционална со килограмите

Клучно е да уживате во животот и да ви биде удобно во сопствената кожа, а тоа не секогаш е правопропорционално со вашата тежина. На пример, девојка која тежи 65 килограми може да се повлекува во себе и да пати од комплекси за својата тежина, додека девојка која тежи многу повеќе може да биде среќна, опуштена и отворена за животните авантури.

3. Никогаш, никогаш нема да го достигнете „совршенството“

Совршенство не постои, сè е во тоа како гледате на нештата. Доколку не научите да бидете задоволни од сопственото тело сега, нема да научите никогаш. Секогаш можеш да бидеш послаб/а или повисок/а, или подобро обликуван/а. Наместо да го трошите времето итајќи кон нереална и непостоечка цел, искористете го животот правејќи ги нештата кои ги сакате.

4. Патењето од комплекси ве спречува да ја видите реалната слика

Доколку тргнете кон огледалото со помислата дека изгледате лошо, дека имате прекумерна тежина, дека не сте привлечни ни убави, токму таа слика ќе ја видите во огледало.

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

5. Бидејќи имате многу попаметни работи отколку грижата околу килограмите

Реално, постојат толку многу нешта кои можете да ги направите, толку многу цели и соништа за остварување и толку многу животи може да разубавите. Не дозволувајте си да се затворите во сопствените мисли наместо да излезете и да го искусите животот.

6. Доколку не се вреднувате сами нема да ве вреднуваат ни другите

Престанете да се споредувате со другите, престанете да си припишувате помала вредност себеси. Ако не се цените самите не очекувајте некој друг да ве вреднува ни малку.

7. Храната е вкусна и е создадена да се јаде

Зошто да се одрекувате од слатките задоволства? Зошто да си поставувате лимити и забрани кога дел од искусувањето на животот значи вкусување на храната. На пример, кога патувате во други земји ги јадете нивните специјалитети. Љубовта кон животот неретко доаѓа преку стомакот. Не сакате да бидете личност која го вкусува парчето чоколада за миг па веднаш го плука за да не се здебели.

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

8. Сè додека сте здрави, во ред е

Ако здравјето ви е во опасност и треба да ослебнете и да се ставите на посебен режим на исхрана, тогаш да, и тоа задолжително. Но сè додека сте здрави, уживајте во животот без постојана потреба да се промените. Не претерувајте премногу количински со храната и движете се колку што можете почесто, заради вашето здравје, а не за туѓите очи.

9. Изгледот не е траен

Секој се менува и со тек на годините и вашето тело ќе се менува. Уживајте во тие промени, дозволете му на секој период од животот да си го направи своето, бидете природни и спонтани, а не преокупирани трудејќи се да достигнете нешто што не постои. Бидејќи токму така ќе го пропуштите сето она што се случува во меѓувреме – животот.

10. Бројте ги искуствата во животот, а не килограмите

Она што сте го искусиле и доживеале, она што сте го направиле, научиле, начинот на кој живеете, ја создава целосната слика за вас и ве прави она што сте.

11. Оние кои се претерано опседнати со изгледот се здодевни личности

Да бидеме искрени, колку брзо би ви здодеала личност која постојано се жали за својот изглед? Веројатно ќе ја сметате за нестабилна личност без ронка самодоверба која само бара комплименти. Зошто би се претвориле во такво нешто?

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

12. Има разлика меѓу топ модел и обична девојка

Погледнете се во огледало. Што би било кога за вас би се грижеле професионални шминкери и фризери и би биле на строг режим на исхрана и секоја ваша слика би била лудо фотошопирана? Би биле уште поубави одошто сте (барем според некои критериуми), но тоа не значи дека не сте прекрасни како „обични луѓе“.

13. Затоа што навистина сте прекрасни

А опседнатоста со своето тело не ви дозволува да го согледате тоа.

14 причини зошто да го сакате сопственото тело

14. И за крај, затоа што секогаш може да пуштите настап на Бијонсе и да играте смело чувствувајќи ја и сопствената моќ

14 причини зошто да го сакате сопственото тело


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар