13 знаци кои покажуваат дека не се сакате доволно
Навистина е важно да се грижите за себе, да бидете задоволни од личноста којашто сте и пред сè, да сакате. Сепак, многу луѓе не можат да си ја пружат љубовта која им е потребна, а со тоа ги запоставуваат нивните потреби и желби. Постојат неколку знаци или однесувања кои покажуваат дека не се сакате доволно. Ако се пронајдете на листава, време е да обрнете повеќе внимание кон себе.
1. Ги бришете објавите од социјалните мрежи
Ако вашето селфи не добие доволно лајкови, ја бришете фотографијата бидејќи сметате дека не сте изгледале толку добро. Потребно ви е признание од другите за да се чувствувате добро за себе.
2. Се вљубувате во токсични луѓе
Сигурно сте биле заглавени во еднострана врска. Ова се врски каде што секогаш вие ја испраќате првата порака и само вие правите планови. За возврат не добивате ни малку од заслуженото внимание. Постојано се вљубувате во погрешни луѓе бидејќи вашите стандарди се премногу ниски. Не сфаќате што навистина заслужувате.
3. Се обвинувате за сè
Ако некој ве напушти, веднаш мислите дека сте направиле нешто погрешно и сте го избркале. Ако на некој му е потребно подолго време да ви одговори на пораката, претпоставувате дека го вознемирувате со вашето внимание. Секогаш мислите дека вие сте виновни бидејќи не сте сигурни во себе.
4. Ги ставате другите на пиедестал
Постојат некои пријатели, па дури и славни личности како кои би сакале да бидете. Посакувате да ја имате нивната коса, нивното тело, нивната насмевка или нивниот живот. Сметате дека се супериорни во однос на вас бидејќи не можете да видите колку всушност имате да понудите.
5. Страв ви е од одбивање
Многу ретко го правите првиот чекор кога ви се допаѓа некој бидејќи секогаш очекувате да добиете негативен одговор. Претпоставувате дека ќе ви го скршат срцето. Тешко ви е да поверувате дека некој навистина може да има чувства кон вас бидејќи секогаш се гледате како товар.
6. Не сакате да поминувате време сами со себе
Секогаш сакате да бидете опкружени со луѓе бидејќи се чувствувате непријатно кога сте сами. Не сакате простор да размислувате за сите грешки од минатото и за да се грижите што може да се случи во иднина. За вас времето поминато со себе значи претерано размислување.
7. Ги ставате другите пред себе
Би направиле речиси сè за да им помогнете на семејството и пријателите. Сакате да бидат среќни. Но, никогаш не сте се запрашале што вам ви е потребно бидејќи секогаш повеќе ги цените туѓите мислења отколку вашите.
8. Лесно се откажувате
Не верувате во вашите способности. Не мислите дека го имате она што е потребно за да успеете. Претпоставувате дека ќе доживеете неуспех, дека нема поента во обидувањето, па се откажувате уште пред да си дадете шанса.
9. Сметате дека ќе ви се случуваат само лоши работи
Имате чувство како целиот свет да е против вас. Мислите дека секогаш ќе бидете мизерни, па не се ни обидувате да ја промените вашата среќа. Не се сакате доволно за да се потрудите да го пронајдете вашиот пат.
10. Претерано се натпреварувате
Ги мразите луѓето кои се поуспешни, поубави и попаметни од вас. Мислите дека нивниот успех го прави вашиот помалку посебен. Постојано се споредувате со другите бидејќи единствениот начин да се чувствувате добро за себе е да ги „победите.“
11. Избегнувате фотографирање
Секогаш кога вашите пријатели даваат предлог за групна фотографија, вие сакате да бидете фотографот. Па дури и кога правите фотографија од вас, користите разни филтри бидејќи само така се чувствувате убаво.
12. Го запоставувате вашето здравје
Постојано ги одложувате посетите на лекар. Поминувате денови без туширање и ја запоставувате личната хигиена. Воопшто не сте заинтересирани во грижата за себе. Никогаш не сте си приоритет.
13. Секојдневно се критикувате
Не можете да погледнете во огледало, а да не помислите колку ви е несредена косата, колку ви е сува кожата или колку килограми сте качиле. Секогаш имате некоја критика за себе и никогаш не наоѓате нешто позитивно.
Прочитајте ги и советите што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.
Zdravo Sofija satalno otvaram kafe pauza i zaprimetuvam deka toa shto najvishe me intresira se statiite od tebe kako da se znaeme 100 godini hahaa
Samo toa ajde pozdrav