13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

За да бидете претприемач потребно е зад себе да имате некој претприемачки потфат, но може да бидете претприемач во душа кој сè уште не собрал храброст да го стори тоа и да се нарече така. Ако се сомневате дека припаѓате на овие вторите, поседувањето на повеќето од овие 13 карактеристики ќе значи дека сте во право, барем според успешната на ова поле – Барбара Коркоран.

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

1. Преземате акција брзо и без детален план

Претприемачките чекори значат неизвесност. Деталниот бизнис план си има свои предности, но може да ја ограничи можноста за брза адаптација на непредвидени прилики. Вистинскиот претприемач има само концепт на делување, а потоа презема акција согласно моменталната ситуација.

2. Несигурни сте

Според Коркоран оние кои се несигурни, но и покрај тоа преземаат акција имаат најголеми шанси да успеат затоа што се повеќе фокусирани од оние кои се пресамоуверени. Всушност, многу од успешните претприемачи биле несигурни кога ги правеле најуспешните потези.

3. Знаете да го искористите тоа што го имате

Добриот претприемач нема да се жали дека му недостасува ова или она за да започне бизнис, туку ќе го искористи тоа што го има и ќе оди чекор по чекор кон успехот. Ако и за другите работи во животот „играте“ со тоа што имате, наместо да се жалите, вие го имате вистинскиот карактер.

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

4. Барате прошка, а не дозвола

Изреката дека треба да барате прошка, а не дозвола значи дека подобро е да дејствувате, па потоа да ги исправате грешките ако воопшто настанат, отколку да чекате за сечија согласност и да го пропуштите моментот кога требало да сторите нешто.

5. Не се плашите

Претприемачите не се плашат, туку се најголемите оптимисти на светот. Таму каде што сите гледаат ризик од некакви загуби, тие го гледаат потенцијалот да се добие нешто. Не се плашат да ризикуваат многу за да добијат многу.

6. Не можете да седите мирни

Оние кои се осмелуваат да преземат ризични економски потфати обично не можат да седат мирни. Нив ги обзема еуфорија и се многу возбудени кога ќе се зафатат со нешто. Секогаш се нестрпливи да дојде моментот кога ќе можат да го преземат следниот чекор.

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

7. Приспособливи сте

Ако само еден можен исход е прифатлив за вас, шансите за успех ќе ви бидат мали. Приспособливоста на различни ситуации во животот и резултатите кои следуваат после нив е добра предиспозиција за бавење со бизнис.

8. Попустливи сте кон себеси

Мора да знаете да си простите во ситуациите во животот кога губите одредени битки. Прекумерната самокритичност е нешто кое само ќе ви наштети. На крајот на краиштата, некои битки треба да се предадат за да се добие војната.

9. Предизвиците ве мотивираат

Ако не сте од оние кои бегаат пред предизвиците и оставаат некој друг да се справи со нив, туку тоа го правите сами затоа што ви е предизвикувачки и забавно, вие имате потенцијал за претприемачки успех.

13 знаци дека имате претприемачки дух иако не сте свесни за тоа

10. Се сметате себеси за аутсајдер

Претприемачите не се секогаш добро прифатени од околината затоа што на работите гледаат поразлично од другите. Ако и вие сте аутсајдер тоа може да биде добар знак доколку е поврзано со тоа да ги гледате можностите таму каде што никој друг не умее да ги види.

11. Брзо се опоравувате од падовите

Изреката дека мачката никогаш не паѓа на грб треба да важи и за вас. Затоа што во бизнис светот ве чекаат многу падови и станувања.

12. Ги препознавате потребите на луѓето

Секој може да препознае дупка на пазарот која треба да се пополни со некој нов производ или услуга, но само вистинскиот претприемач гледа можности за поправање на местата каде што нема дупки. Ако имате претприемачки дух, вие веќе знаете да согледате дека одредени потреби во одредена сфера од животот можат да се задоволат и на друг поефикасен начин. Од тоа може да се направи бизнис.

13. Сакате да примате совети

Знаете да препознаете некој кој има повеќе познавања од вас во некоја област и не се плашите да побарате совет од такви личности. И не се плашите од нивната критика. Не сакате луѓе кои постојано ќе ви климаат со главата и ќе ви велат дека сте најпаметни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар