Несреќни сте затоа што сте сингл? Прочитајте го ова!

Несреќни сте затоа што сте сингл? Прочитајте го ова!

Од кога тоа да бидете сингл се смета за болест од која сите сакат да се ослободат? Зошто мнозинството луѓе мислат дека е подобро да бидете во врска или во брак наместо сингл? Во овој случај, најважна е вашата перспектива. Ако сте сингл и несреќни поради тоа, овие 13 нешта ќе го подобрат вашето расположение.

13 нешта што треба да ги знаат несреќните сингл луѓе

1. Работите ќе се променат

Не е важно дали сте сингл неколку години или неколку денови. Навистина е лесно да се разочарате од вашите шанси да го пронајдете совршениот партнер. Немојте да верувате во митовите дека е навистина тешко да стапите во брак по 40-тата година. Запомнете дека сè е возможно. Потребно е само навистина да верувате во тоа.

2. Не ги спуштајте вашите стандарди само затоа што не сакате да бидете сами

Огромен број луѓе се помируваат со лоша врска само затоа што не сакаат да бидат сами. Ако и вие спаѓате овде, зошто мразите да бидете сами? Дали причината е што не се сакате доволно? Би требало самите да си пружите љубов бидејќи вие сте неверојатни и го заслужувате тоа. Важно е да бидете свесни дека личноста што не ве сака не ве заслужува и воопшто не треба да се обидувате да бидете со неа.

3. Искористете го овој период да научите повеќе за себе

Многу често луѓето ги користат врските за да избегаат од себе. Кога сте во врска, вашиот фокус е насочен кон партнерот, а не кон вас. Но, колку всушност се познавате себеси? Кога сте сингл е одличен период навистина да се запознаете и да се засакате. Па, откријте нешто ново за себе и работете на личниот развој.

4. Не бркајте никого

Не ни помислувајте на ова. Ако треба да бркате некоја личност, таа воопшто не ве сака. Ако некој ви дава знак дека не сака да биде со вас, прифатете го тоа и продолжете понатаму. Загубата е негова.

5. Станете личноста со која би сакале да бидете во врска

Немојте да барате некој што ќе ве надополни. Ако ви е потребно тоа, вие не сте целосна личност. Потребно е вашиот партнер да се смета за најсреќната личност на светот што сте го одбрале него. А кога ќе го пронајдете вистинскиот, така и ќе биде.

6. Научете да уживате во сопственото друштво

Вие сте неверојатни, а доколку не верувате во тоа, грешите. Секој е совршен на негов начин. Проблемот е што сингл луѓето не веруваат во ова. Во ред е да го поминете викендот сами со чаша вино. Можете да уживате во вашето друштво и да не ви треба никој.

7. Сè уште постојат добри луѓе

Немојте да верувате во митот дека сите добри луѓе се зафатени. Вие сте слободни, зарем не? Потребно е да излезете од вашата глава и да престанете да верувате во лагите на општеството. Постојат многу добри луѓе кои само чекаат да ги запознаете.

8. Несигурноста носи можности

Едно од нештата што сингл луѓето не ги сакаат е тоа што не можат да ја предвидат иднината, ниту пак да ја контролираат. Постојано размислуваат за тоа дали засекогаш ќе бидат сами и каде би можеле да сретнат нови луѓе. Многу луѓе не сакаат несигурност и неодговорени прашања, но токму несигурноста крие многу можности. Потребно е само да верувате во тоа.

9. Фокусирајте се на она што го имате, а не на она што го немате

Кога се фокусирате на негативните страни на тоа што сте сингл, само праќате негативна енергија. Фокусирајте се на вашата одлична работа, прекрасните пријатели, вашето здравје, дом… што било. Кога се фокусирате на добрите нешта вашата енергија ќе стане позитивна. Другите луѓе ќе го забележат ова и ќе сакаат да се дружат со вас.

10. Правете нешта што ве прават среќни

Дали сакате да трчате? Правете го тоа. Дали сакате да читате? Упатете се кон некоја книжарница. Колку повеќе сте зафатени, толку поретко ќе се фокусирате на негативностите од тоа што сте сингл. Забавувајте се и можеби токму тогаш ќе ја сретнете личноста од вашите соништа.

11. Сакајте се како што сакате да бидете сакани од партнерот

Ако сте се однесувале лошо кон бившите партнери, размислете за тоа. Ако се однесувате лошо кон себе, променете го тоа и сакајте се. Третирајте се со добрина и почит. Ако сакате квалитетна врска со личност којашто ќе се однесува добро со вас, треба и самите да го правите тоа за себе.

12. Кога се чувствувате осамено, дајте им нешто на другите

Можеби се чувствувате лошо или сте осамено бидејќи одамна не сте биле на состанок. Во овие ситуации обидете се да дадете нешто. Волонтирајте во некој центар, донирајте пари или стара облека. Колку повеќе им помагате на другите, толку подобро ќе се чувствувате во врска со себе.

13. Бидете трпеливи

За совршеноста е потребно време. Па ако го чекате совршениот партнер потребно е да бидете трпеливи. Немојте да се помирите со првата личност што ќе ја сретнете. Кога одбирате партнер осигурете се дека тој е навистина она што го сакате. Во спротивно можеби повторно ќе треба да го поминете целиот сингл циклус. Одлучете што сакате и верувајте дека со текот на времето ќе го најдете вистинскиот.

Знаете ли дека понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар