13 нешта што богатите ретко ги купуваат, а сиромашните се задолжуваат за да ги имаат
Можеби го давате најдоброто од себе за да се ослободите од долговите и да заштедите, но што доколку нема никаков резултат? Можеби треба да го промените вашиот став кон трошењето. Всушност, луѓето кои успеале и кои имаат големо богатство, се навистина внимателни со нивните трошоци. Можеби мислите дека овие луѓе сакаат да трошат неразумно, но ова е далеку од вистината. Погледнете ги нештата што, за разлика од останатите, милионерите ретко ги купуваат.
1. Импулсивно купување
На секој му се има случено да види нешто речиси бескорисно на попуст, да го купи, а потоа да зажали за одлуката. Луѓето често трошат пари со импулсивно купување, а ова ги разликува од богатите. Ефективен начин да го избегнете непотребното трошење е да направите шопинг листа пред секое одење во продавница.
2. Скап имот
Купувањето луксузни куќи со цени од инфлација е сомнителна инвестиција. Поради ова, богатите купуваат ветувачка недвижнина додека цената е ниска, а потоа профитираат кога цената на имотот ќе порасне.
3. Продолжена гаранција
Најчесто, луѓето со ниски примања се оние кои прифаќаат продолжена гаранција кога купуваат нова опрема. Ова е нормално бидејќи им е страв дека направата ќе се расипе, па плаќаат дополнително за да се заштитат. Но ова е неопходно бидејќи и обичната гаранција е сосема доволна.
4. Облека од познати брендови
Богатите можат да си дозволат луксузна облека од најновите дизајнерски колекции. Но нивниот живот не се врти само околу социјалните настани, па тие се држат подалеку од вакви трошоци. Се сеќавате како се облекуваше Стив Џобс? Бил Гејтс има часовник од 10 евра, а дури и Кејт Мидлтон често купува евтина облека.
5. Последна верзија од популарните електронски направи
Богатите луѓе не брзаат да го купат последниот модел на смартфон, дури и ако нивниот веќе не е во мода. Милионерите најпрво се прашуваат дали трошокот вреди во одреден момент. Кога станува збор за електронските направи, тие брзо застаруваат, па никогаш нема да ги стигнете.
6. Заеми, долгови и казни за доцно плаќање
Богатите луѓе не земаат заем и не губат пари за казни и тоа од една причина – секогаш ги плаќаат сметките на време и избегнуваат одложувања.
7. Купување скапи играчки за децата
Луѓето со просечна плата често ги разгалуваат нивните деца и им купуваат скапи и модерни ирачки. Доколку милионерите би се однесувале исто, нивните деца би се давеле во куп од играчки. Нема потреба да му купите некоја играчка на детето само затоа што ја рекламираат на телевизија.
8. Брза храна
Најважната разлика помеѓу исхраната на богатите и просечните луѓе не е цената на продуктите. Богатите се опседнати со здравата исхрана. Тие можеби го консумираат истото овошје и зеленчук како и вие, но ретко се прејадуваат со хамбургери и помфрит.
9. Трошоци за имиџ
Често мислиме дека богатите трошат многу на скапи летови, нови автомобили и луксузни забави. Луѓето кои сакаат да изгледаат богато, трошат многу за да го постигнат овој ефект. Од друга страна, вистински богатите луѓе се навистина скромни. Дури и кралицата Елизабета штеди електрична струја во Бакингемската палата.
10. Дополнително образование за децата
Луѓето со просечна плата често најмуваат разни тутори за нивните деца. Некои се надеваат дека на овој начин ќе го откријат скриениот талент на детето, а други се надеваат на подобри оценки. Богатите луѓе знаат дека дополнителните предавања немаат ништо со финансискиот успех. Па, тие им дозволуваат на нивните деца да уживаат во нивното детство.
11. Гатачи и претскажување на иднината
Според едно истражување, најчестите клиенти на гатачките се луѓе со слаба аналитичка способност. Истовремено, логичкото размислување најверојатно е клучно за збогатување. Исто така, богатите луѓе веруваат во себе и не трошат пари на гатачки и претскажување на иднината.
12. Предавања за личен развој
Луѓето со ниска плата и лоша кариера им се најчестата мета на животните советници. Многу луѓе отворено кажуваат колку всушност се бескорисни овие предавања. Пред да решите да ги потрошите парите на некој мотивационен курс, подобро прочитајте биографија на познат милионер. Подобро ќе дознаете што треба да правите и што би функционирало.
13. Тренди ентериер
Нови модели на покуќнина се појавуваат речиси секој месец. Поради ова, луѓето од средната класа трошат многу пари обидувајќи се да ги следат трендовите. За жал, овие дизајни брзо излегуваат од мода, па одеднаш целиот дом ќе ви биде демоде. Пред следното реновирање, разгледајте го домот на некоја богата личност. Ќе забележите дека мебелот е безвременски и нема потреба од постојано реновирање.
Погледнете ги и финансиските совети што можеби звучат добро, но ви прават штета.