13 неочекувани работи кои се штетни за вашиот мозок - Part 2

13 неочекувани работи кои се штетни за вашиот мозок

7. Мобилни телефони

(7)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Едно истражување открило мала поврзаност помеѓу ракот на мозокот и употребата на мобилните телефони. Но, научниците не препорачуваат целосно да ги отстраните овие направи, туку да користите слушалки кога разговарате и да не спиете со телефонот под перница.

8. Покривање на главата за време на спиење

(8)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Кога ја покривате и вашата глава, вие го намалувате нивото на кислород. Поради ова вдишувате „рециклиран“ воздух и предизвикувате недостаток од кислород во мозокот.

9. Дехидрација

(9)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Како што веќе знаете, 70-80% од човечкото тело е составено од вода. Покрај тоа, водата е одговорна за пренесување важни супстанци во мозокот и е клучна за неговото здравје.

10. Алкохол

(10)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Според истражувањата, консумирањето алкохол ги уништува врските помеѓу мозочните клетки. Но, има и добри вести: Ако престанете да пиете алкохол, мозокот со тек на време ќе се врати во нормала.

11. Пушење

(11)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Пушењето ја намалува густината на церебралниот кортекс. Оваа штета има значително влијание на менталните способности бидејќи овој дел од мозокот е одговорен и за размислувањето.

12. Недостаток од физичка активност

На мозокот му е потребен редовен тренинг. Физичката активност има позитивно влијание на долготрајната меморија.

13. Строга диета

(13)13-neochekuvani-raboti-koi-se-shtetni-za-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Истражувањата покажале дека ако не внесувате доволно хранливи материи, мозокот почнува „да се јаде“. Поради ова треба да внимавате на вашата исхрана. Немојте да се изгладнувате, туку обидете се да се храните здраво.

Овие загатки се одлична вежба за вашиот мозок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар