12 знаци кои укажуваат на емоционална нестабилност
Кога започнувате нова врска, најверојатно претпоставувате дека новиот партнер е емоционално зрел. Но понекогаш дури подоцна откривате дека станува збор за емоционално нестабилна личност, која не може да опстане во здрава врска. За да ги избегнете ваквите ситуации, погледнете кои се знаците кои укажуваат на емоционално нестабилна личност.
1. Ниска самодоверба и проблеми со верувањето во себе
Луѓето кои не можат да си веруваат и ја ставаат нивната доверба во туѓи раце, често страдале од некаква траума. Траумите од детството можат да предизвикаат интензивен страв од напуштање и од одбивање, со тоа намалувајќи ја самодовербата на личноста. Најчесто овие луѓе се возрасни кои ги идеализираат другите и ја даваат нивната моќ, надевајќи се дека другата личност ќе се грижи за нив. Ова предизвикува одбивање, бидејќи никој не може да биде достапен за нив 24 часа на ден.
Иако можеби ви изгледа добро да бидете ставени на пиедестал и некој да ви верува толку многу, доколку довербата доаѓа од ниска самодоверба, а не од интимноста помеѓу вас, тогаш таа доверба нема никаква врска со вас. Партнерот само се обидува да ги излечи неговите рани и да најде спасител.
2. Лошо физичко здравје
Физичкото и менталното здравје одат заедно. Емоционално нездравата личност ќе има тешкотии во одржувањето на физичкото здравје. Од друга страна, лошото физичко здравје води до проблеми со емоционалното. Ова може да се претвори во лош циклус кој ќе трае сè додека личноста не преземе одговорност и не најде решение.
Неспособноста да се води здрав начин на исхрана, спиење и вежбање е знак дека личноста не го цени своето здравје. Ова може да биде недостаток од љубов кон себе или емоционална нестабилност.
3. Откажување планови
Иако на секој му се случило да откаже нешто, кога некој постојано го прави ова проблемот е најверојатно поголем и потекнува од емоционална нестабилност и ниска самодоверба.
4. Проблеми со зависности
Зависноста може да биде од храна, супстанци, лекови, кофеин или алкохол. Она што е заедничко е тоа што личноста користи надворешен стимуланс со кој ќе ја намали болката. Личноста зависна од хемикалии не може целосно да ѝ се посвети на врската, бидејќи постојано ќе размислува за следната доза. Оваа личност само ќе бара начин да ја намали својата болка.
5. Недостаток од граници
Доколку набљудувате нечии лични и професионални врски, можете да откриете како таа личност се чувствува за себе. Личноста во лоша врска што не знае да постави граници, страда од ниска самодоверба и смета дека никогаш не е доволно добра. Важно е да бидете скромни, но важно е и да имате самодоверба и здрава слика за себе.
На емоционално нестабилните луѓе им е тешко да ја прифатат и ценат љубовта, бидејќи сметат дека не ја заслужуваат. Поради ова остануваат и во лоши врски.
Личноста со самодоверба која ја цени нејзината работа ќе соработува со луѓе што ја ценат. Но ако некој ги нуди неговите услуги за ниска цена или бесплатно, најверојатно ги става туѓите потреби пред своите. Ова укажува на посериозни проблеми кои треба да се решат пред личноста да може да функционира во зрела и здрава врска.
6. Песимистички поглед кон животот
Вербата е важна состојка во здравиот и исполнет живот. Таа ѝ дозволува на личноста да се соочи со која било пречка во животот и да излезе посилна. Ментално силната личност има доза верба во своите способности. Личноста која нема верба во себе воглавно има песимистички поглед кон животот и смета дека не може да се справи со животните предизвици.
7. Пребрзо движење напред
Може да биде навистина возбудливо да сретнете некој кој тврди дека веднаш се вљубил во вас. Но, ова не секогаш значи дека личноста се поврзала со вас. Доколку партнерот претерува со споделување на почетокот и сака да знае сè за вас, можеби само ви ја бара слабоста. Здравите врски имаат природен ритам. Одвојте време да запознаете некого пред да му го подарите срцето. Здравата интимност и довербата се градат со текот времето. Овие гестови и внимание можеби изгледаат слатко, но најчесто се знак за емоционална нестабилност.
8. Непокажување емоции
Непокажувањето емоции е ист показател за емоционална нестабилност како и претераното реагирање. Доколку партнерот не реагира или ја менува темата кога ќе му кажете некој проблем, најверојатно му недостига емпатија и емоционална чувствителност. Овие две нешта се важен дел од здравата врска.
9. Непреземање одговорност за однесувањето
Емоционално здравата и зрела личност секогаш презема одговорност за нејзиното однесување. Овие луѓе знаат кога направиле грешка и се обидуваат да го поправат тоа. Кога некој верува дека ништо не е негова вина и сите останати треба да се променат, тогаш станува збор за емоционално нестабилна личност.
10. Создавање драма за внимание
Личноста која нема здрава слика за себе не ѝ приоѓа на врската како партнерство помеѓу две еднакви личности. Таа ќе проба да предизвика непотребна драма со цел да го привлече вашето внимание и да го нахрани нејзиното его.
11. Загриженост за надворешниот изглед
Луѓето кои се фокусирани само на нивниот надворешен изглед се несигурни во себе. Личноста која не се чувствува удобно во својата кожа и не се сака онаква каква што е, ќе има проблеми со безусловната љубов и поддржување на партнерот.
12. Инстинктот ви кажува нешто
Понекогаш едноставно треба само да го слушате вашиот инстинкт. Нашите тела можат да ги почувствуваат вибрациите на другите. Доколку чувствувате напнатост кога сте со некого, најверојатно инстинктот ви кажува дека треба да бидете внимателни со таа личност.
Доколку вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално, погледнете кои се причините за тоа.