12 здравствени придобивки од лукот што не смеете да ги занемарите

12 здравствени придобивки од лукот што не смеете да ги занемарите

Лукот е една од најстарите култивирани билки, присутна речиси во секоја кујна ширум светот. Тој е одличен не само при готвење, туку добар е и за здравјето воопшто. Неговите лековити својства се навистина непроценливи. Во минатото лукот се користел како лек за настинка и грип, за намалување на ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

12 здравствени придобивки на лукот што не смеете да ги занемарите

Во продолжение прочитајте кои се и другите корисни својства на оваа исклучително здрава билка.

1. Има висока хранлива вредност

Лукот е особено богат со витамин Ц, Б6 и калиум. Покрај тоа, содржи витамини А, К, фолати и многу минерали (181 mg на 100 g), железо (1,7 mg), магнезиум (25 mg), фосфор (153 mg), цинк (1,2 mg) и селен. Едно чешне лук (3 g) содржи околу 4,5 калории, 0,2 g протеини и 1 g јаглехидрати.

2. Влијае врз нивото на шеќер во крвта

Лукот може да им помогне на дијабетичарите да го контролираат нивото на шеќер во крвта бидејќи содржи манган (1,67 mg на 100 gr), a возрасен човек треба да консумира од 2,5 до 5 mg манган дневно. Манганските соли се карактеризираат со хипогликемично дејство, односно ја намалуваат количината на шеќер во крвта.

3. Содржи сулфурни соединенија

Лукот изобилува со органосулфурни состојки и благодарение на нив се должи неговата арома, вкусот и лековитите својства. Тие имаат силни биолошки ефекти кога ќе дојдат во контакт со одредени молекули во телото.

4. Го намалува нивото на холестерол

Лукот и неговите органосулфурни состојки го намалуваат нивото на холестерол во црниот дроб преку блокирање на клучниот ензим за синтеза на холестеролот.

5. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести (а со тоа и ризикот од срцев или мозочен удар)

Истражувањата покажале дека лукот и неговите состојки помагаат во регулирање на крвниот притисок. Како што веќе споменавме, лукот помага и во намалувањето на лошиот холестерол. Во двата случаи постои ризик за кардиоваскуларни болести.

6. Има антиинфламаторно дејство

Воспалението е природна реакција на телото во случај на повреда или инфекција – затоа игра клучна улога во процесот на заздравување. Сепак, хроничното воспаление го зголемува ризикот од многу болести, вклучувајќи дијабетес, кардиоваскуларни болести, ревматоиден артритис како и некои видови рак. Истражувањата покажале дека лукот ја намалува појавата на воспалителни молекули.

7. Влијае поволно врз гастроинтестиналниот тракт

Лукот ја подобрува функцијата на гастроинтестиналниот тракт благодарение на антимикробните и пребиотските својства. Пребиотиците се хранливи материи кои се неопходни за здрава цревна флора и го забрзуваат растот на корисните бактерии во организмот. Лукот исто така делува и против цревните паразити и го забрзува варењето на храната.

8. Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Бројни истражувања покажале дека лукот го унапредува когнитивното здравје кај постарите лица и го намалува ризикот од одредени болести како на пример деменција. Познато е дека лукот ја спречува појавата на артериосклеротични промени.

9. Делува против бактерии

Во 1858 година Луј Пастер го открил антибактериското дејство на лукот, а за време на Втората светска војна лукот се користел како антисептик за спречување на гангрена. Преку лабораториски експеримент е докажано дека бактеријата Helicobacter pylori која може да доведе до појава на рак на желудникот, е чувствителна на свеж лук.

10. Го зајакнува имунолошкиот систем

Лукот се карактеризира со антивирусни својства и може да помогне при настинка. Тој ја ублажува и кашлицата и помага при хроничен бронхитис.

11. Делува против ракот

Лукот ги инхибира ензимите од првата фаза кои ги формираат канцерогените метаболити и ги активира ензимите од втората фаза кои ги ловат и отстрануваат канцерогените метаболити. Состојките на лукот ги уништуваат канцерогените клетки.

12. Лукот е моќен антиоксиданс

Лукот содржи антиоксиданси, супстанции кои го штитат организмот од штетните оксиданти, а тоа најчесто се слободните радикали. Слободните радикали ги уништуваат здравите клетки и ги претвораат во канцерогени, а корисниот холестерол го претвораат во штетен. Задачата на антиоксидансите е да ги неутрализираат слободните радикали и да одржуваат здрава рамнотежа во организмот. Докажано е дека консумирањето лук ја зголемува активноста на некои антиоксидантни ензими.

Откако прочитавте кои се здравствените придобивки на лукот, ви препорачуваме да го прочитате рецептот за вкусни шпагети со печен лук и пармезан.

Извор: citymagazine.danas.rs

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар