12 моќни совети што секој тинејџер треба да ги прочита
Наближувањето на 20-тите може да биде навистина стресен период, и тоа не само за тинејџерите, туку и за сите околу нив. Комичарот Вилијам Бетит споделил неколку бисери на мудроста кои ќе им се најдат на сите тинејџери што се близу до своите 20-ти години.
1. Секој ден барајте можности што ќе ви го променат животот
Ако си поставите цел, секој ден од вашите 20-ти да барате можност која ќе ви го промени животот, вие ќе бидете многу поуспешни кога ќе стигнете до 30-тите.
2 Станете неверојатни во нешто
Без разлика дали е програмирање, графички дизајн, пишување и слично, секој ден обидувајте се да станете навистина добри во нешто. Ова ќе ви даде вредност на крајот на вашите 20-ти, која пак многу ќе ви помогне во вашата кариера.
3. Ослободете се од телевизорот
Немојте да ги поминете вашите 20-ти гледајќи како живеат други луѓе.
4. Слушајте аудио книги додека пешачите
Претворете ја дневната прошетка во училница.
5. Останете сингл
Состанувајте се, имајте врски, но зачувајте ја вашата слобода. Сигурно ќе сакате да бидете способни да ги донесувате правилните одлуки во вашите 20-ти.
6. Направете мрежа
Кога ќе создадете моќна мрежа ќе знаете кои луѓе ќе можат да ви помогнат да стигнете таму каде што сакате.
7. Разберете го ефектот на соединување
Една шолја кафе во Старбакс е 2,45 долари. Ако секој ден го пиете тоа, вие ќе потрошите 894,25 долари. А едно патување до Копенхаген чини 506 долари. Запомнете дека несвесните одлуки кои ги правите секој ден ве спречуваат да го живеете животот што го сакате.
8. Најдете/создадете „племе“ кое има слични гледања на животот
Група од луѓе со исто размислување ќе ви помогне да созреете и да останете фокусирани на вашата цел.
9. Отворете социјален профил
Без разлика дали ќе станува збор за блог, Твитер или слично, најдете место каде што ќе можете да ја понудите вашата вредност. Не знаете кои се придобивките од многуте следбеници на социјалните мрежи.
10. Покачувајте ги вашите стандарди
Животите на луѓето запираат бидејќи тие престануваат да ги покачуваат своите стандарди.
11. Вежбајте, облекувајте се убаво, хранете се здраво
Добриот изглед е како социјален пасош што може да ви отвори многу можности.
12. Одете на авантура
Барем еднаш во вашите 20-ти одете на патување кое е долго и тешко. Наместо да одите во хотел, спијте во хостел или на нечиј кауч. Колку е потешко патувањето, толку е поголем предизвикот.