12 работни вештини кои денес се бескорисни
Вештините кои се бараат денес можеби нема да бидат потребни утре. Со развојот на технологијата многу работни места се, или ќе бидат заменети со машини. Денес многу од работните вештини кои биле популарни се бескорисни и работодавците воопшто не ги бараат. Погледнете 13 од нив.
1. Microsoft Office
Денес компјутерите толку многу се користат што секој би претпоставил дека ги знае барем основите за користење на оваа алатка. Работодавците ќе очекуваат да имате барем најмали познавања на Word и Excel, а зависно од работата, можеби од вас ќе се бара познавање и на PowerPoint или OneNote. Доколку имате познавање од овие алатки, одлично, но немојте да ги ставате во вашето резиме за работа.
2. Пишување на тастатура
Овој термин е од минатите генерации. Сигурно сте способни вашите мисли да ги префрлате на тастатура и на програма како Word или Notepad. Како и претходната вештина, и пишувањето на тастатура е нешто кое се очекува да можете да го правите.
3. Застарени програмски јазици
Ова секако се однесува на луѓето кои работат во технолошката индустрија. Многу од работодавачите ќе потенцираат кои јазици е потребно да ги знаете, па кога ќе го праќате вашето резиме подобро е да ги тргнете древните програмски јазици.
4. Внесување на податоци
Сигурно сте налетале на работа која ја барала оваа вештина. Како и пишувањето на тастатура, така и внесувањето податоци е онака како што звучи – внесувате податоци на компјутер. Можеби ќе треба да научите нешто повеќе за бази на податоци, но ако знаете да користите компјутер сигурно ќе знаете да ја извршите и оваа задача.
5. Администрација
И оваа способност не е нешто што треба да го вклучите во вашето резиме. Ако имате добро искуство и ако лидерството ви е во крвта, резимето само ќе го каже останатото.
6. Услуги за клиенти
Ова не е застарена вештина, но не би требало да стои во вашето резиме. Ако имате работено на слична позиција, вашето резиме ќе го каже тоа. Ако сте биле добри во работата, работодавецот ќе го знае тоа и без да ја наведете вештината.
Продолжува на следната страница…