12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

Ова се 12 реченици, најчесто поттикнати од разни стереотипи, кои не смеете да си дозволите да ѝ ги речете на жена/девојка, освен доколку и не ви е баш мил животот.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

1. „Мажите размислуваат рационално додека жените се емотивно наклонети“

Жените полесно ги покажуваат емоциите, што е многу различно од тврдењето дека се целосно контролирани од страна на нивните емоции и дека никогаш не размислуваат со ладна глава.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

2. „Жените не знаат да возат“

Мажите не знаат да готват. Упс, претпоставуваме тоа воопшто не ве навреди, но ваквата ваша изјава ги навредува жените. Не служете се со толку ниски удари само да си го нахраните сопственото его.

3. „На девојките им е важно само да се омажат за богат човек“

На некои девојки им се важни парите, други најмногу ценат да бидат љубени и почитувани во бракот, трети пак воопшто не ни сакаат да се мажат. Ако ѝ речете на девојка со полно работно време која сама заработува за живот, дека сите жени единствено сакаат богати мажи за да ги издржуваат, само што влеговте во голема каша.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

4. „Ти си домаќинка, не си вработена“

Да, таа е домаќинка, и бога ми и тоа како е вработена. Да ѝ кажеш на жена која чува деца и го одржува домот дека не прави ништо со животот значи дека по автоматизам заслужуваш титула „глупак“. Честитки.

5. „Смири се, олади малку“

О не, туку што ја влошивте ситуацијата. И тоа многу. Веќе ништо нема да биде смирено.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

6. „Мојата бивша…“

Слободно доврши ја реченицата додека излегувам од оваа просторија без намера да се вратам…

7. „Па добро изгледаш за твоите години“

Ако сакате да дадете комплимент, супер изгледаш е сосем доволно. Колку повеќе ја усложнувате реченицата толку полошо.

8. „Жените сакаат момци кои ќе ги третираат лошо“

Ниедна девојка со самопочит нема да дозволи да ја третирате ништо подолу од принцеза.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

9. „Јас заработувам повеќе од тебе“

Со став од типот на јас го носам лебот дома, може само да завршите на каучот на вашиот најдобар пријател.

10. „Жените не се занимаваат со политика“

Живеете во време кога многу жени се на важни функции во светот на политиката. Поштедете се себеси, а и сите околу себе од глупави изјави од ваков тип.

12 работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на една жена

11. „Батали, ова се машки муабети“

Вашата жена совршено ќе се вклопи во секаков разговор. Ваквата изјава покажува дека ги сметате жените за неинтелигентни суштества на пониско ниво од вас, со што вие самите се сместувате најниско.

12. „Звучиш како мајка ми“

Вашата девојка/жена не сака да биде споредувана со вашата мајка. Точка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Горан Reply

    Глупа феминистичка статија!

  2. luki Reply

    види вакво полнење на женското его доведува до тоа, да на 35+ години се омажат за првиот што изгледа по нормално… и извини авторке , но за неколку работи и самата си свесна дека не си во право… а и статијава е малце гоогле транслате од западњачките часописи.

Остави коментар