12 начини како да носите џемпер во пролет

12 начини како да носите џемпер во пролет

Автор: Софија Сионова

Времето веќе почнува да се затоплува и доаѓа време полека да ги спакуваме нашите омилени зимски палта и да се подготвиме за пролетните фустанчиња. Сончевите зраци веќе допираат до нас и ни даваат енергија за денот, но често знае да биде и студено, па затоа следниве комбинации добро ќе ве згреат дури и во пролетните денови кои следуваат.

12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

За релаксиран изглед, омилениот џемпер комбинирајте го со широки пантолони и бели патики, а ако сакате да го истакнете вашиот накит на веќе склопената комбинација, дополнете го со плик чантичка, женствени потпетици или ѓердан со кој ќе оставите впечаток.

1-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 2-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

Едноставноста некогаш може да биде совршена, а за да постигнете таков изглед вашата комбинација нека биде монохроматска. Еднобоен пуловер со искинати фармерки и пролетен мантил може да бидат полн погодок без многу труд.
3-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 4-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

Мини здолништето со вашиот омилен широк џемпер и шарените патики целосно ќе го нагласат вашиот спортски стил, додека пак машкоданскиот стил повторно е во мода, испробајте го така што ќе ја споите вашата омилена кожна јакна со тесни пантолони.

5-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 6-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

Исечениот џемпер со здолниште во А–линија во комбинација со сако, лесно ќе ве натера да блесне модерната бизнис жена во вас. Секојдневен изглед ќе добиете со бели фармерки, голема чанта и плетен топол пуловер.

7-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 8-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

Тесен џемпер плус кошула под него го дава совршениот школски изглед, а за да балансирате огромен џемпер облечете со тесни фармерки и додадете чизмички до глужд.

9-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 10-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk

И секако, за кежуал, но сепак елегантен изглед, комбинирајте тенки џемперчиња со здолништа до колена. Во ветровитите или дождливи денови, префрлете и марама врз главата.

11-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk 12-12-nachini-kako-da-nosite-dzhemper-vo-prolet-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар