12 чудни трикови за убавина кои е најдобро да ги заборавите
На Интернет можете да пронајдете безброј трикови за убавина кои би требало да ви помогнат да изгледате поубаво за малку пари. Но, следниве 12 трикови се навистина сомнителни, па подобро е да не ги применувате.
1. Стаклена чашка за полни усни
Овој трик е можеби најпопуларниот. Земате мала чаша, ја ставате на усните и вдишувате. Вакуумот кој ќе се создаде во чашата ги „пумпа“ вашите усни.
Резултат: Усните стануваат црвени и потечени. Ако претерате со трикот, можете да завршите и со модринка. Иако трикот е популарен, подобро е да не го користите.
2. Кармин за темни кругови под очите
За да ги сокриете вашите темни кругови, нанесете малку кармин на кожата под очите, а потоа изедначете ја бојата со пудра.
Резултат: Можеби круговите ќе исчезнат, но ќе останете со црвени дамки.
3. Совршено нанесен туш со конец
За овој трик ви се потребни конец и маскара или туш. Ставете маскара (или туш) на конецот, а потоа ставете го на очниот капак. На овој начин би требало да нацртате права линија.
Резултат: Линиите не се рамни и имаат различна големина. Овој трик не функционира.
4. Виљушка за контурирање на носот
За линиите на носот да ги направите прави и симетрични, користете виљушка. Нацртајте ги линиите, а потоа изедначете ги.
Резултат: Линиите изгледаат добро, само не претерувајте со белата боја. Можеби овој трик функционира, но сепак е подобро да го постигнувате ефектот без виљушката.
Продолжува на следната страница…