12 авантури кои мора да ги испробате ова лето

12 авантури кои мора да ги испробате ова лето

Немате никакви планови за ова лето? Не грижете се, ние ви нудиме неколку интересни предлози. Од започнување на сопствен бизнис, до луда и незаборавна журка на базен. Па не чекајте ни минута, туку веднаш започнете да ја планирате вашата летна авантура.

1-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

1. Заедничко патување со пријателите

Може ли да има подобра забава од заедничко патување со вашите пријатели? Секако дека не! Соберете ги сите, испланирајте заеднички одмор или барем заеднички викенд. Авантурите кои може да ви се случат во текот на патувањето ќе ви бидат едни од омилените сеќавања за ова лето.

2-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

2. Посетете што е можно повеќе музички фестивали

Сè што ви е потребно е уште една личност и оваа летна авантура може да започне. Без разлика дали тоа ќе биде вашиот/ата партнер/ка, другар/ка или пак сестра/брат. Сончеви зраци, добра музика и танцување. Авантура која дефинитивно ќе ви се исплати.

3-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

3. Бидете домаќин на отмена коктел забава

Одвојте еден ден од летото за да подготвите домашна забава. Повикајте ги вашите најблиски пријатели, роднини, познаници. Украсете го дворот со сијалички, обезбедете пијалак и добра опуштена музика. Танцувајте, смеете се, раскажувајте возбудливи приказни. Топлата летна ноќ ќе се погрижи таа да остане долго во вашите сеќавања.

4-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

4. Присуствувајте на незаборавна забава на базен

Слушнавте дека некаде се подготвува забава на базен? Тогаш задолжително обезбедете си место. Сонце, вода, коктели… Дружбата со пријателите, но и запознавањето нови е одличен начин да се забавувате таму. Можеби летото ќе ви донесе нова љубов. Оваа авантура сигурно ќе сакате да ја повторите.

5-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

5. „Изгубете“ се во добра книга

Исклучете го мобилниот, пронајдете добра книга, одете во природа и уживајте. „Изгубете“ се во тој свет заедно со ликовите. Доживејте ја нивната авантура како да е ваша. Ќе се релаксирате, опуштите и конечно ќе поминете ден надвор од стресното секојдневие.

6-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

6. Вежбајте на прекрасните, топли временски услови

Збогувајте се со вежбањето во затворена просторија. Зимата помина и летото набрзо ќе настапи на сцена. Облечете ги вашите омилени бикини или шорцеви и правете вежби на плажа. Ништо не е поубаво од убаво разладување во вода после напорниот тренинг.

7-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

7. Конечно вложете време за да научите како да штедите

Секојпат истата приказна дека ќе почнете да штедите и на крај ништо. Затоа ова лето зацртајте си цел дека конечно ќе успеете. Одвојувате по малку, на крај ќе видите дека тој труд се исплател. Со заштедените пари може да испланирате некоја нова и интересна авантура.

8-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk

8. Пливајте голи

Соберете неколку пријатели, почекајте да се стемни и започнете ја оваа авантура. Ќе зажалите ако не го испробате ова сега, додека сте млади. Младоста е за да правиме глупости, а на старост да се сеќаваме на нив, нели?

9-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

9. Одете во забавен парк

Бидете дете барем еден ден. Качете се на рингишпил и доживејте ја ова „летачка“ авантура. Топлиот воздух кој ќе го почувствувате, сеќавањата кои ќе ви се вратат од детството се неизмерна радост и среќа.

10-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

10. Бидете свој сопствен газда

Зошто долго замислуваната идеја не ја исполните ова лето? Одамна сте сакале да започнете нешто свое? Летото е супер време за тоа. Можеби и нема да успее, но авантурата која ќе ја поминете додека ја исполнувате оваа идеја ќе ви донесе многу интересни мигови. А може и ќе успее. Изработувајте накит, држете часови по некој летен спорт, продавајте овошно освежување за туристите. Ќе научите многу од искуството, а и ќе го надополните вашето си-ви.

11-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_

11. Земете ден само за себе

Без партнерот, пријателите или кој било друг. Само вие и никој друг. Правете разни активности и уживајте во секоја од нив. Одете во спа, на базен или пак во шопинг. Создадете своја авантура и остварете ја.

09b67dafe0354ee29c35ce38d606f9a8_1010630

12. Поканете некого да излезе со вас на состанок

Соберете храброст и прашајте. Нема ништо лошо во тоа. Кој знае, можеби ова лето ќе биде почеток на една долга љубовна приказна.

13-12-avanturi-koi-mora-da-gi-isprobate-ova-leto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар