11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

Дали ви се случило кога прв пат сте се нашле во кревет со некоја личност, да се чувствувате како тоа да е поразлично од сè што сте искусиле досега? Можеби не сте сакале да кажете никому за ова за да не ја уништите магијата и страста. Но, токму ова е разликата помеѓу сексот за една вечер и сексуалната сродна душа. Сексот со сродната душа не може да се влоши, а привлечноста никогаш не исчезнува.

11 знаци дека сте ја пронашле вашата еротска сродна душа

Причината е поврзаноста што ја чувствувате со оваа личност. Дури и кога сте целосно облечени, сексуалната хемија помеѓу вас постои. Па погледнете ги знаците кои покажуваат дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.

1. Не ви се излегува

Доколку ги откажувате сите планови за излегување и повеќе сакате да останете во кревет, тоа е јасен знак дека оваа личност е вашата сексуална сродна душа.

2. Знае што да прави без да му кажувате

Сексуалната компатибилност е неопходна за задоволството, а сексот со сродната душа гарантира задоволство. И двајцата знаете што сакате и што ви е потребно за да го достигнете врвот.

3. Комплименти

Доколку партнерот сака да ви дава комплименти во креветот, но и надвор од него, најверојатно сте ја пронашле сродната душа.

4. Несебичност

Кога сте со оваа личност, не ви е потребна причина да глумите оргазам или задоволство. Вашата сексуална сродна душа секогаш ќе се погрижи за вашето задоволство, дури и на сметка на нејзиното.

5. Ве возбудува неговиот допир

Кога помеѓу вас и партнерот има посебна хемија, доволен е само еден допир за да се почувствувате возбудено.

6. Ниту една вечер не поминува без допирање

Најверојатно не можете да ги тргнете рацете од оваа личност. Вашите инстинкти се поврзани со допирот и вие точно знаете како да го употребите.

7. Се чувствувате навистина пријатно

Кога сте со оваа личност, исчезнува секој ваш комплекс во врска со физичкиот изглед. Се чувствувате пријатно и удобно кога сте заедно, без разлика во која положба.

8. Сакате да пробувате нови нешта

Секој има свои желби, а кога сексуалниот партнер е вашата сродна душа, експериментирањето ви е навистина забавно.

9. Другите ја забележуваат хемијата помеѓу вас

Речиси секој околу вас може да ја забележи привлечноста. Доколку вашите пријатели коментираат за тоа, бидете сигурни дека сте ја пронашле вашата сексуална сродна душа.

10. Не сонувате за други луѓе

Толку сте среќни задоволни од оваа личност, што немате сексуални фантазии за никој друг.

11. Секогаш знаете дека сте сигурни

Покрај љубовта што ја споделувате, знаете дека доколку сакате да престанете во кој било момент, оваа личност ќе ве послуша, и тоа без прашања. Не може да постои здрава врска без доверба и сигурност, особено кога станува збор за сексот.

Погледнете и кои се видовите сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар