11 знаци дека сакате да започнете љубовна врска од погрешни причини

11 знаци дека сакате да започнете љубовна врска од погрешни причини

Многу луѓе посакуваат да бидат во љубовна врска бидејќи според филмските сценарија, љубовта во форма на партнер би требало да им даде значење, цел и среќа во животот. Воопшто не е чудно тоа што многумина наивно веруваат дека сите животни проблеми ќе им се решат кога ќе ја пронајдат љубовта. Суровата вистина е дека љубовните врски не се толку супер, а ако не сте подготвени најпрво да се сакате себеси, не можете да очекувате дека вистински ќе сакате некој друг.

12 знаци дека сакате да започнете љубовна врска од погрешни причини

Најтешкиот момент е кога поминало извесно време откако срцето ви било скршено и се чувствувате осамени, но не знаете дали навистина сте подготвени за нова љубов или сакате врска само за да не морате самите да се соочите со сопствените проблеми. За жал, честопати второто е случајот, а тоа не е добра причина за да се започне нешто со некого. Како последица на тоа, одбирате партнер врз основа на тоа кој од вашите стравови ќе може да го потисне, а не врз основа на тоа каква врска би можеле да развиете.

Со цел да можете полесно да откриете дали навистина сте подготвени за врска, ова се 11-те знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дека сакате да започнете врска од сосема погрешни причини…

1. Очајно посакувате врска

Толку многу посакувате врска што се доведувате до степен да не можете нормално да функционирате поради тагата и копнежот кои ја обземаат секоја ваша мисла. Ако ова е случајот, веројатноста е дека не сакате врска, туку исплашени сте дека ќе останете сами засекогаш.

2. Не знаете што би правеле со животот ако останете сингл цела година

Луѓето кои навистина се подготвени за врска, обично знаат како би ја поминале целата година сами, ако навистина дојде до тоа. Со други зборови, тоа е нешто со коешто би можеле да се справат, а не нешто од кое бегаат.

3. Подготвени сте на компромис за навистина големи работи

На пример, ако партнерот не сака да започне сериозна врска, но вие продолжувате да се гледате со него затоа што верувате дека постои „поврзаност“, или тој не сака деца во блиска иднина, но вие упорно верувате дека ќе се премисли, тоа е така затоа што важно ви е да најдете каква било љубов, а не вистински партнер за вас. За работите кои навистина ви значат не треба да правите компромис.

4. Постојано размислувате за тоа

Не можете да правите ништо друго, бидејќи мислите постојано ви се окупирани со вашиот иден партнер, кој сѐ уште не ни постои. Тоа ве уназадува и го спречува вашето нормално функционирање.

12 знаци дека сакате да започнете љубовна врска од погрешни причини

5. Чекате да ви почне животот

Ја одложувате вашата среќа за моментот кога ќе ја најдете замислената личност и не преземате ништо за да постигнете каква било исполнетост, затоа што претпоставувате дека некој друг треба да го направи тоа за вас.

6. Среќни сте поради тоа како изгледате пред другите луѓе, а не поради тоа како навистина се чувствувате кога сте заедно

Со други зборови: Ви се допаѓа идејата дека сте во врска, а не самата врска. Тоа е многу површно и нема да ве направи вистински среќни, туку само ќе ви нанесе уште повеќе болка кога сѐ ќе се распадне.

7. Навистина се вознемирувате околу тоа дали ќе успее врската

Златно правило: Доколку премногу сте загрижени за тоа дали ви е судено или не, веројатноста е дека врската нема да успее. Ако некој сака да биде со вас, така и ќе биде. Сите тие „можеби“, изговори и оправдувања се само позбунувачки начин за да се каже „не“. Уште едно златно правило: Доколку сте свесни дека врската нема да успее, а сепак продолжувате да се нервирате за тоа дали ќе бидете заедно или не, дефинитивно сакате да бидете во врска од погрешни причини.

8. Многу сте несреќни од секој можен животен аспект

Морате сериозно да поработите на другите сегменти од вашиот живот, но го одложувате тоа со надеж дека ќе се појави некој кој ќе ви ја зголеми количината на хормони за среќа во организмот и сѐ ќе се среди. Верувате во изговорат дека вие сте човек за врска и едноставно не можете да бидете среќни сами. Ова може да е вистина доколку сте личност која постигнува личен развој во љубовните врски, но ако сте дошле до степен да не можете да функционирате без да имате некој покрај вас, тоа е сосема друга приказна.

12 знаци дека сакате да започнете љубовна врска од погрешни причини

9. Чувствувате дека ви отчукува биолошкиот часовник

Нормално дека треба да го имате предвид фактот дека вашиот репродуктивен систем има свој рок на траење и тоа дека наоѓањето партнер може да биде потешко како што минуваат годините, но ако сте со некого само затоа што „ви е време“ и сите останати веќе се во врска или брак, веројатно нема да ја одберете вистинската личност.

10. Не сте ги преболеле вашите поранешни партнери

Ги проверувате нивните профили на социјалните мрежи премногу често, постојано ги споредувате со новите луѓе што ги запознавате, сте преминале од врска во врска и така натаму. Се обидувате да ја пополните празнината во вашиот живот, за која вие самите сте одговорни.

11. Се заморувате со безначајни детали

Не ви се допаѓа баш новиот партнер затоа што неговиот физички изглед не е таков каков што сте си го замислиле или не постигнал онолку колку што сте се надевале дека би имал постигнато вашиот идеален партнер… Вие всушност ги саботирате сите шанси за љубов што ви се нудат од многу површни причини. Тоа е така затоа што ви се допаѓа идејата да бидете во врска, а не самата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар