11 совети за убавина со кои ќе ги истакнете вашите најдобри карактеристики
Древните Грци и Кинези нанесувале многу пудра направена од олово и оцет со цел да добијат беспрекорно лице. Трагите од белата пудра биле пронајдени на многу археолошки локалитети. Сепак постојат многу полесни, и пред сè поздрави начини да изгледате како грчка божица. Овие трикови за убавина сигурно ќе ви се допаднат.
1. Заборавете на природната светлина
Природниот извор на светлина во просторијата е навистина важен, но и покрај популарното верување, природната светлина не е најдобра за шминкање. Помислете, што гледате во огледалото кога користите природна светлина? Гледате сè, па дури и повеќе од тоа. Природната светлина се рефлектира од огледалото врз вашето лице. Ова ѝ дава студен тон на кожата и ги нагласува недостатоците кои инаку не би биле забележливи. Се разбира дека ќе се обидете да ги покриете, но природната светлина ќе направи и вашата шминка да изгледа лошо, а со тоа ќе ви се расипе расположението.
Инвестирајте во огледало за шминкање кое има светилки околу него. Овој вид светлина ќе го нагласи секој дел од лицето подеднакво. Одберете светилки со неутрални температури, без жолти или сини тонови.
2. Набавете четки за сликање
Покрај продавниците за козметика, синтетичките четки можете да ги пронајдете и во продавници за опрема за сликање. Покрај тоа, нивната цена ќе биде многу пониска. Јапонските фини четки за сликање се одлични за нанесување туш. Рамната четка со агол е одлична за веѓи. Мала овална четка може да се користи за нанесување кармин. Рамните квадратни четки се одлични за поправање на грешките.
3. Нанесете регенератор на природните четки
На четките од природни влакна потребна им е нега како и на вашата коса. Обично регенераторот оди во комбинација со чистач за четки. Но не мора да го купувате и можете да ги користите производите за нега на коса. Регенератор е помалку агресивен продукт за чистење и им дава пријатна арома на четките, притоа создавајќи заштитен слој на нив.
4. Вашата крема за лице и прајмерот треба да имаат иста база
Вашата козметика треба да одговара и со вашиот тип кожа, но и со секојдневната шминка. На пример, вашата крема, прајмер и пудра треба да имаат иста база – масло или вода. Важно е да знаете дека маслото не реагира добро со водата. На пример, пудрата на база на вода нема да стои врз крема на база на масло.
Лесно е да ја дознаете основата на продуктот – кремите на база на вода се раствораат во вода, а оние на база на масло оставаат масни траги на површината.
5. Нанесете прајмер наместо крем за очи
Прајмерот претставува лесен, полу-транспарентен крем со светло розова боја и е богат со рефлектирачки честички. Прајмерот ја нагласува областа под очите и ја подготвува за нанесување пудра. Исто така ги прикрива и недостатоците на кожата. Не заборавајте да го исчистите горниот очен капак од масти. Претераната влажност ќе го намали траењето на вашата шминка.
Продолжува на следната страница…