11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Отворете го вашиот фрижидер и погледнете што има во него. Веројатно ќе најдете стари зеленчуци, млеко со сомнителна свежина или речиси празни тегли. Веројатно ќе сакате да ги фрлите, но пред да го направите тоа погледнете што можете да направите со овие остатоци од храна.

1. Направете тесто за колачиња од овесната каша

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Сварениот овес брзо го губи својот вкус. Ако сте направиле премногу, земете го она што ви останало и измешајте го со млеко, јајце, масло, бобинки, сол и шеќер и ќе имате смеса за колачиња.

2. Додајте ги старите печурки и тревки во супата

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Не заборавајте и на морковите, кромидот, компирите и зачините. Можете да додадете и топено крем-сирење за да ја направите супата погуста.

3. Испечете го стариот леб

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Можете да направите двопек од стариот леб. Исто така можете да го претворите во лебни трошки кои ќе ги користите за супи, тестенини и месо.

4. Тврд кашкавал во супи

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Кашкавалот како пармезанот може да биде навистина скап, па сигурно ќе сакате да го искористите максимално. Ако ви останало исушено парче, можете да го додадете во супа.

5. Остатоците од Нутела претворете ги во чоколаден пијалак

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Не мора да ја фрлате теглата со остатоци во неа. Ставете малку топло млеко, промешајте и имате топол чоколаден пијалак.

6. Искористете го старото млеко за печење

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Можете да направите палачинки, торти, како и домашно сирење. Сепак, важно е да користите квалитетно млеко.

7. Остатоци од храна за пица

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Можете да го намачкате тестото со остатоци од кечап и мајонез, потоа да ставите печурки, домати, колбаси, маслинки – сè што ќе најдете во фрижидерот. На крај додадете и кашкавал и ќе имате вкусна вечера.

8. Испечете го стариот зеленчук

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Пиперките, доматите, кромидот, тиквичките и целиот стар зеленчук ставете го во тава и испечете го. Можете да додадете и месо или риба.

9. Замрзнете ги остатоците од сосовите

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Ова е одличен начин да ги зачувате и остатоците од супа, маслиново масло со зачини, па дури и вино. Ставете ги во калапи за мраз, и потоа одмрзнувајте ги по потреба.

10. Сос од домати

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Ако доматите почнале да омекнуваат, немојте да ги фрлате. Излупете ги и варете ги 10-тина минути. Потоа изблендирајте ги и додајте малку лук. Ставете го сосот на шпорет уште 5-7 минути. На крај додајте зачини по ваш вкус.

11. Одржете ги колбасите и сланината свежи со замрзнување

11 совети за оние кои не сакаат да фрлаат храна

Ова можете да го направите и со другите месни производи. Овој трик е особено добар ако планирате да одите на патување, а немате време да изедете сè.

Погледнете и како да изберете квалитетни производи при купувањето во маркет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар